Свет
Гутереш: Време е за сериозни разговори за ставање крај на војната во Сирија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш изјави дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја.
Пред новинарите во Њујорк тој порача дека политичкиот процес сега е позначаен од кога било претходно. „ОН сега се целосно уверени дека комитетот за изработка на предлог Уставот на Сирија, чиј прв состанок е закажан за следната недела во Женева, ќе почне со работа и прв чекор ќе му биде изнаоѓањето политичко решение“, рече тој и додаде дека се надеваат оти тоа ќе води кон затворање на ова трагично поглавје во животот на жителите на Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индија ја одобри руската вакцина против Ковид-19

Индија ја одобри руската вакцина „спутник В“ против Ковид-19, објави голема локална фармацевтска компанија во земјата која има 1,3 милијарда жители, која повторно имаше најголем број новозаразени во светот.
„Имаме среќа што добивме одобрение за употреба на ‘спутник В’ во Индија“, рече Г. В. Прасад, генерален директор на компанијата „Д-р Реди лаборатори“, во изјавата пренесена од француската агенција „Франс прес“.
Индија потврди 161.736 нови инфекции со коронавирус, што е повторно највисок дневен рекорд во светот во земјата со потврдени 13,69 милиони заразени, според Министерството за здравство.
Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми во Индија за 879 и сега изнесува 171.058, според најновите податоци на интернет-страницата на Универзитетската болница „Џонс Хопкинс“.
Сепак, бројките за заразени со ковид и починати во вторникот се обично пониски поради доцните резултати од тестовите објавени за време на викендот.
Индија регистрираше 168.912 случаи на зараза во понеделникот додека расте загриженоста за понатамошно ширење на инфекцијата со стотици илјади верници кои тргнаа кон ритуално капење во реката Ганг.
Свет
САД ја поддржаа одлуката на Јапонија да испушти радиоактивна вода во Пацификот, соседите гневни

Американската администрација изрази поддршка за одлуката на јапонската влада за пуштање на загадена, радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан, со оценка дека таквата одлука е во согласност со глобалните безбедносни стандарди.
„Јапонската влада постапи транспарентно во донесувањето на оваа одлука“, соопшти Стејт департментот, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Властите во Токио донесоа одлука за ослободување огромни количества радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан во следните две години, на што остро се спротивставуваат локалните рибари и жителите на околните области.
Долго време се шпекулираше дека владата ќе донесе ваква одлука, која се одложуваше неколку години поради протести и безбедносни причини.
Сепак, одлуката конечно беше донесена на владина седница, на која беше наведено дека ослободувањето на загадена, радиоактивна вода во Тихиот океан е најдобро решение, објавиja светските агенции.
Во меѓувреме, државите од регионот излегоа со негативни реакции во однос на ваквата одлука.
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја го повика јапонскиот амбасадор во Сеул на разговор.
„Ројтерс“ претходно објави дека кинеското МНР ја нарекло одлуката на јапонската влада „неодговорна“ и дека јапонските рибари силно се спротивставиле на ова решение за отстранување на радиоактивната вода од Фукушима.
Скоро 1,3 милиони тони загадена вода, доволна за да наполнат 500 олимписки базени, во моментов се чуваат во огромни резервоари во нуклеарната централа Фукушима со трошоци од скоро милијарда долари годишно.
Во централата се истопија три од шесте реактори кога беше погодена од земјотрес и цунами во март 2011 година.
Загадената вода се преработува на самото место со напредна техника, но од неа не може да се отстрани радиоактивниот трициум.
Владата и операторот тврдат дека трициумот не е штетен за здравјето на луѓето при мала концентрација.
Европа
Австрискиот министер за здравje поднесува оставка

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска ќе поднесе оставка. Откако беше на боледување повеќе од една недела, тој го најави своето обраќање за денес.
Нема информации за здравствената состојба на Аншобер.
Само вицеканцеларот Вернер Коглер рече дека министерот има проблеми со циркулацијата на крвта.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш