Контакт

Свет

Гутереш предупреди да се избегне крвопролевање во Идлиб

Објавено пред

Тотален судир во Идлиб би довел до хуманитарен кошмар каков сè уште не е виден во крвавиот сириски конфликт, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој апелира до сите страни што се директно и индиректно вклучени во конфликтот во Сирија, особено Иран, Русија и Турција, да ги заштитат цивилите и да избегнат крвопролевање во последното големо упориште на бунтовниците во Идлиб.

Гутереш рече дека е јасно оти сегашната ситуација во Идлиб не е одржлива и дека присуството на терористичките групи не може да се толерира, но дека е особено важно Иран, Русија и Турција да изнајдат начин да ги изолираат групите терористи и да создадат ситуација во која нема цивилите да платат цена за решавањето на проблемот во Идлиб.

Во меѓувреме американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, ги обвини сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите сојузници Русија и Иран дека го разориле последното поголемо упориште на бунтовниците во Идлиб.

Таа повторно предупреди дека Асад и неговите сојузници САД ќе го сметаат секој напад на Идлиб како безобразен и дека неговите последици би биле многу тешки.

Свет

Бројот на загинати во ураганот Флоренс порасна на 37

Објавено пред

Од

Бројот на загинати при налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД се искачи на 37, а 15.000 луѓе се наоѓаат во засолништа. Околу 200 илјади граѓани останаа без струја во Северна Каролина.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, изјави дека сè уште се чувствуваат последиците од силната бура. „Иако повеќе нема силни дождови и сонцето полека се појавува во делови на земјава, сепак нивото на реките продолжува да расте и очекуваме нови поплави“, изјави Купер.

Тој апелира до илјадници евакуирани граѓани да бидат трпеливи и да не се враќаат во домовите.

Прикажи повеќе...

Свет

Јужноафриканската република го легализира канабисот

Објавено пред

Од

Највисокиот суд во Јужноафриканската Република ја легализира употребата на канабис за возрасни лица на приватен имот. Одлуката е донесена едногласно. Меѓутоа, јужноафриканската влада се противи на легализацијата тврдејќи дека дрогата е штетна за здравјето на луѓето.

Сè започна кога тројца корисници се соочија со судење поради употреба на марихуана. Тие тврдеа дека забраната претставува ограничување на слободата на нивниот избор и навлегува во приватниот живот.

„Ако некоја возрасна личност користи или одгледува марихуана за приватни цели, тоа нема да биде земено како прекршок“, се наведува во одлуката на судот.

Меѓутоа, она што е незаконски е користењето канабис во јавност, односно негова продажба.

Оваа пресуда е само еден потсетник за тоа дека уставот на Јужноафриканската Република е еден од најлибералните во светот, односно дека се бори за еднакви права на сите, во овој случај за право на одгледување и пушење сопствена марихуана.

Прикажи повеќе...

Свет

Премиерката на Британија одржа прием за Модната недела вo Лондон

Објавено пред

Наместо на модна писта, Тереза Меј одржа прием на Даунинг стрит, каде што познатите дизајнери ја славеа британската мода.

Главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур, заблеска пред камерите, а сопругата на поранешниот премиер Џејмс Камерон, Саманта Камерон, на кратко повторно се врати во „стариот дом“.

На Модната недела во Лондон, чиј крај полека наближува, меѓу познатите присутни беа Алис Темперлеј, Кристофер Кејн и Моли Годар.

Премиерката со пофални зборови говореше за модната индустрија на Велика Британија, која, како што рече, придонесува со 32 милијарди фунти во економијата.

„Како што се осврнуваме кон иднината, отворено и надвор од ЕУ, би сакала да сум сигурна дека оваа индустрија и понатаму ќе носи гордост и успех“, изјави Меј.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата ,,Кузман Јосифовски Питу” број 15 во скопската населба Аеродром, кај Мезе барот се евакуирани по...

Македонија3 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија3 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток7 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ7 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија7 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток8 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија8 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ9 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток9 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести11 час

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија11 час

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија11 час

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Досие