Свет
Гутереш ја повика бурманската војска да дозволи специјален пратеник во земјата

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, контактира со бурманската војска повикувајќи ја да дозволи влез на специјален претставник на ОН во Мјанмар, се вели во изјавата што во неделата ја објави портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дујарик, пренесува ТАСС.
Според изјавата, генералниот секретар е длабоко загрижен за ситуацијата во Мјанмар.
„Тој ги повикува војската и полицијата да го почитуваат правото на граѓаните за мирни собири и да не ги гонат. Извештаите за континуирано насилство, заплашување и понижување од безбедносните агенции се неприфатливи“, се вели во соопштението.
„Генералниот секретар ја повикува војската веднаш да дозволи специјалната претставничка на ОН, Кристин Шранер Бургенер, да го посети Мјанмар под прифатливи услови за да може лично да ја процени ситуацијата“, се додава во соопштението.
На 5 февруари Бургенер имаше телефонски разговор со бурманскиот заменик-командант на армијата Со Вин. Според Дујарик, тоа бил многу важен разговор бидејќи беше првиот контакт што ОН беа во можност да го воспостават со воениот орган по пучот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Москва ќе одговори на санкциите на Европската Унија

Москва наскоро ќе одговори на санкциите на Европската Унија, објави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.
Тој додаде дека станува збор за еднострано ограничување кое не може да донесе резултати и дека Русија ќе преземе реципрочни мерки.
„Можам да кажам дека тоа ќе се случи“, рече Чижов во интервју за ТВ Русија-24, пренесе агенцијата ТАСС.
Свет
Европската агенција за лекови на 11 март ќе одлучува за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 11 март ќе одлучи дали ќе ја препорача вакцината против Ковид-19 од американскиот производител „Џонсон и Џонсон“.
По одлуката на ЕМА, Европската комисија (ЕК) мора да даде зелено светло, но тоа е формалност што може да се направи истиот ден.
Експерти од ЕМА веќе ги анализираат податоците од клиничките испитувања и истражувањата. САД ја одобри вакцината во неделата.
За разлика од другите, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се прима во една доза.
Во ЕУ досега се одобрени три вакцини, и тоа вакцините на „Модерна“, на „Фајзер/Бионтек“ и на „Астразенека“
Регион
Кон: Потребни се построги мерки и вонредна состојба во Србија

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, изјави дека медицинскиот дел од кризниот штаб бара многу построги мерки, односно целосно затворање, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.
„Имавме метеж за време на викендот поради скратување на работното време и не мислам дека многу ќе се забележат последиците од оние мерки што важеа за викендот“, рече Кон.
Кога станува збор за целосно затворање, Кон вели дека е потребно да се затворат сите објекти минимум седум до 10 дена.
Ова би значело дека објектите ќе бидат затворени, но потребно е да се воведат итни мерки.
„Ова трае долго и не треба да дозволиме нон-ковид болниците да се вратат во ковид-системот“, вели Кон.
Лична одговорност, вели тој, очигледно не може да се очекува.
„Факт е дека се откриени незаконски собири кои овозможуваат понатамошно ширење на вирусот“, додаде српскиот епидемиолог.
„Единствената реална работа е да се преземат построги мерки и за нив е потребна вонредна состојба“, рече тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер