Свет
Гутереш ќе се сретне со Путин и Лавров во Москва
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска во Москва ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, по повод руската специјална воена операција, која е во тек во Украина.
Ситуацијата во Украина, најверојатно, ќе биде главна тема на разговор во Москва, каде што Гутереш ќе допатува од Турција по вчерашната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Руденко, претходно денеска изјави дека Москва очекува со Гутереш да разговара за ситуацијата во Мариупол и областа на фабриката за челик „Азовстал“.
Портпаролот на ОН, Фархан Хак, вчера потврди дека се очекува Гутереш да го иницира прашањето за ситуацијата во Мариупол за време на неговата посета на Москва и Киев.
Минатата недела Гутереш повика на четиридневна пауза во Украина од Величетврток до крајот на неделата, за православниот Велигден, за да им се овозможи на цивилите да излезат, а хуманитарните конвои да пристапат до Донецк, Луганск, Мариупол и до Херсон.
По средбата со Путин и Лавров, тој ќе отпатува за Киев, каде што ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и со министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за проширување на територијата.
„Израел не сака само да ја обезбеди својата безбедност, туку сака уште територија. Владата на Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација“, изјави Фидан на дипломатски форум во Анталија.
Според него, покрај палестинските територии, Израел се обидува да ја прошири својата доминација и кон делови од Либан и Сирија.
„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, рече Фидан.
Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал во втор план напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Свет
Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец
Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето.
Трамп во текот на вчерашниот ден го прослави повторното отворање со серија објави на социјалните медиуми вчера, тврдејќи, меѓу другото, дека Иран се согласил никогаш повеќе да не го затвора водниот пат.

Свет
Иран отвори шест аеродроми
Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите.
Според информациите, шест аеродроми повторно се ставени во функција, меѓу кои и главниот во Техеран. Отворањето доаѓа во контекст на прекинот на огнот на Блискиот Исток.
Во исто време, податоците покажуваат дека конвој од осум танкери поминал низ Ормуски теснец, по краткото повторно отворање на овој клучен поморски правец.
Иако стотици бродови остануваат заглавени во Персискиот Залив од почетокот на конфликтот, дел од сопствениците се надеваат дека ќе го искористат примирјето за да го напуштат регионот.
