Свет
(Фото) Данска му испрати приватни пораки на Трамп во врска со Гренланд: „Островот не е на продажба“
Данска во изминатите денови испрати приватни пораки до тимот на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, во кои изрази подготвеност да разговара за зајакнување на безбедноста на Гренланд или за зголемување на американското воено присуство на тој остров, пишува порталот „Аксиос“.
Според изворите на „Аксиос“, данската влада сака да го убеди новиот претседател преку пораки дека неговите безбедносни грижи може да се решат без претензии на САД кон Гренланд.
Извори на „Аксиос“ изјавија дека данската влада сака да избегне јавен конфликт со новата американска администрација, па затоа побара од членовите на тимот на Трамп да разјаснат што сакал да каже новиот претседател со своите изјави за Гренланд .
Во пораките до тимот на Трамп, данската влада јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба, велат изворите.
Премиерот на Гренланд во посета на Данска
Данската премиерка Мете Фредериксен и нејзиниот колега од Гренланд, Муте Егеде, вчера разговараа за новонастанатата ситуација во Копенхаген.
Фредриксен по средбата изјави дека побарала средба со Трамп, а истото го кажа и Егеде.
– Не сакаме да припаѓаме ниту на Данска ниту на Америка. Сакаме да бидеме Гренланѓани – изјави Егеде, застапник за независноста на островот.
Според „Аксиос“, одбивањето на Трамп да ја исклучи можноста контролата над Гренланд да се постигне со воена сила , во суштина претставува закана за инвазија на долгогодишниот сојузник на НАТО, Данска.
Гренланд, кој има 56.000 жители, има голем степен на автономија, но Данска е одговорна за одбранбената политика на островот.
Трамп постојано изјави дека контролата над Гренланд, најголемиот остров во светот, е неопходна за американската национална безбедност во однос на Русија и Кина, а неговиот син Доналд Џуниор го посети островот минатата недела.
Прашањето за климатските промени отвора конкуренција на суперсили за контрола на Арктикот, како и користење на минералното богатство на Гренланд.
САД веќе имаат воена база на островот според договорот од 1951 година со Данска за одбрана на Гренланд, кој би можел да разговара за зголемување на присуството на американските сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите
Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац.
Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите.
Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа.
Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку од два отсто од гласовите за да победи и да го добие вториот претседателски мандат уште тогаш.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.
Свет
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник Le Temps.
– По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори со цел воспоставување мир – изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи Никола Бидо, пренесе весникот.
Како што се наведува, сепак, швајцарските власти нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека таа земја е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
На 10 јануари Трамп најави подготовки за средба со Путин.
Според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.