Свет
Данска ја продолжи суспензијата на вакцината на „Астразенека“

Данска ја продолжи суспензијата за употреба на вакцината против коронавирус на „Астразенека“ за уште три недели.
Данска беше меѓу првите земји во Европа што привремено ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ пред две недели, по неколку случаи на згрутчување на крвта регистрирани во таа земја и на други места, пренесува „Ројтерс“.
Владата го извести данскиот парламент за продолжување на суспензијата утрово, објави телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД: Се бара прекин на имунизацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи на згрутчување на крвта

Американските Центри за контрола и превенција на болести и Американската администрацијата за храна и лекови на САД препорачуваат САД да ја паузираат употребата на вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ поради шест пријавени случаи на редок и тежок вид на крвно згрутчување.
Шест пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози вакцини на „Џонсон и Џонсон“ применети во САД. Сите шест случаи се случиле меѓу жени на возраст од 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6-13 дена по вакцинирањето, се вели во заедничката изјава на д-р Ана Шухат, заменик генерален директор на ЦДЦ и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за процена и истражување на биолошки лекови на ФДА.
„ЦДЦ во среда ќе свика состанок на Советодавниот комитет за имунизациски практики (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и процена на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението. „ФДА ќе ја разгледа оваа анализа бидејќи ги испитува и овие случаи. Додека не заврши оваа постапка, препорачуваме прекин на употребата на оваа вакцина од претпазливост“.
Регион
Стано: Позицијата на ЕУ за Западен Балкан е многу јасна, нема што да се менува

Позицијата на Европската Унија е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите, нема ништо што треба да се промени, рече денес портпаролот на Европската комисија, Пeтeр Стано, одговарајќи на новинарско прашање за наводниот нон-пејпер, документ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој, според некои медиуми, тој веќе го има испратено во Брисел.
Европската комисија соопшти дека тие не знаеле за ваков документ и дека медиумите треба да ги контактираат словенечките партнери или Европскиот совет, до чиј претседател наводно бил испратен документот, пишуваат агенциите.
„Не сме примиле, виделе или знаеле за таков нон-пејпер, па затоа нема да коментирам нешто што е претпоставена тема на тој документ и за кое велите дека се граници“, рече Стано на брифинг со новинарите.
„Овде нема што да се смени. Позицијата на ЕУ е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите. Нема ништо што треба да се смени тука. Треба да работиме на регионална соработка, помирување, тоа е логиката на процесот на пристапување“, рече Стано додавајќи дека сите можни отворени прашања меѓу земјите во регионот треба да се решат во процес што не навлегува во опасни зони придржувајќи се кон до законите и принципите на ЕУ.
Самиот Јанша ги негира обвинувањата велејќи дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека било тешко да му предаде што и да било во февруари или март годинава.
Европа
Германската влада ќе побара привремени овластувања од Бундестагот

Откога неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирусот, владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да ѝ даде привремени овластувања за да може да спроведува мерки на блокада во целата земја.
Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од зараза, со цел на федералната влада да ѝ се дадат поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации, пренесува „Ројтерс“.
Новиот закон, кој ќе овозможи поголеми федерални овластувања, вклучително и воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро, ќе се применува во ситуации кога бројот на заразени на 100.000 жители три дена по ред надминува 100.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш