Контакт

Европа

Данска ја укинува телевизиската претплата

Објавено пред

Данска ќе биде првата европска земја што ќе ја укине телевизиската претплата бидејќи владата обезбеди поддршка за предлогот кој вклучува 20 отсто помалку јавни приходи за државната телевизија и радио. Укинувањето на претплатата доаѓа во време на промени во современите медиуми кога луѓето сè повеќе користат сервиси како што се „Нетфликс“ и Ејч-би-о.

Данската влада предводена од партијата на десниот центар и нејзините сојузници велат дека претплатата е превисока и дека националните телевизии мора да почнат да ги емитуваат своите програми преку интернет.

Секое данско домаќинство годишно плаќа по 2.527 круни (416 долари) за националната телевизија, која е најгледана во земјата.

Претплатата постепено ќе се намалува во следните пет години, почнувајќи од 1 јануари 2019 година, а националната радио-телевизија, наместо од претплата, ќе се финансира од даноците што ги плаќаат граѓаните. Во Швајцарија, пак, на референдум беше одлучено претплатата да се задржи.

 

Европа

Италија ќе ги следи отпадните води заради рано предупредување за нов бран на коронавирус

Објавено пред

Италија планира да ги следи отпадните води низ целата земја за евентуално рано предупредување за ширење на нов бран на коронавирус, објави Националниот здравствен институт (ISS).

Следењето на отпадните води ќе се фокусира на приоритетни области како што се туристичките одморалишта во првата фаза која ќе трае во текот на јули. Во октомври, ќе започне да се шири во сите италијански градови.

Проектот, координиран од ISS, ќе биде спроведен од регионални агенции, локални здравствени власти, универзитети и 50 комунални претпријатија. Примероците од вода ќе бидат анализирани за да се откријат траги од вирусот кај популацијата.

„Овој пристап ќе може да предвиди каде циркулира вирусот“, рече Лука Лукентини, директор на одделот за квалитет на водата на ISS.

Во јуни, ISS објави дека научниците пронашле траги од коронавирус во отпадните води на Милано и Торино во декември 2019 година, посочувајќи дека „Ковид-19“ циркулирал во северна Италија дури и пред Кина да ги потврди првите случаи на инфекција.

Истражувањата во Холандија, Франција и Австралија исто така откриле траги од вирусот во канализацијата, па многу земји започнале со анализи на отпадните води заради следење на болеста.

Италија е една од земјите што е најтешко погодена во пандемијата со 242.114 заразени и 34.914 мртви.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро

Објавено пред

Од петок австриската покраина Корушка воведува задолжително носење заштитни маски ноќе во туристички места.

Сите ќе треба да носат маски од 21 до 2 часот наутро на места како што се Фелден, Клопаинер Зе, Факер Зе, Вертер Зе.

„Фелден не треба да стане летен Ишгл“, истакна членот на покраинската влада надлежен за туризам, Себастијан Шусниг.

Тој посочи дека апелите да се избегнуваат собири на граѓани, да се почитуваат мерките за далечина и хигиена, не биле доволни.

Затоа, како превентивна мерка, донесена е одлука да се воведе обврска за носење маски ноќе.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет3 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион3 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ3 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија4 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион5 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија5 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион6 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија6 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион16 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион17 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион18 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет20 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион22 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија23 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија23 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион1 ден

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Досие