Свет
Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е поведена петиција оваа европска земја да ја купи Калифорнија од САД. Сатиричната петиција досега ја потпишале повеќе од 200.000 Данци, а целата приказна е поткрепена со зборовите дека на Данска ѝ се потребни сонце, палми и ролери.
„Имаме можност што се случува еднаш во животот и сакаме да го оствариме тој сон. Ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на докази во Холивуд“, се наведува во петицијата.
По пристигнувањето во Белата куќа, ново-стариот американски претседател Трамп, покрај купувањето на Гренланд, сакаше Канада да стане 51. американска држава, неговата земја да стане сопственик на Панамскиот Канал, побара американска сопственост на Газа, а Мексиканскиот Залив го преименува во Американски Залив. Американскиот „Гугл мапс“ веќе ја направи таа промена.
Медиумите претходно објавија за жесток телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Мете Фредериксен, премиерката на Данска, на тема Гренланд, а Фредериксен повеќепати повторуваше пред и потоа дека Гренланд не е на продажба и дека од перспектива на данската влада им припаѓа на луѓето што живеат на Гренланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско утре ќе биде отпуштен од болница, но треба да се навикне пак да зборува

Папата Франциско утре ќе биде отпуштен од болница по повеќе од пет недели, велат лекарите, јави ДПА.
Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува.
Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква беше хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија.
Регион
Драма во Белград на Сава: Пријавиле дека виделе тело во реката

Полициски патроли и екипи на Итна помош денеска се упатиле кон кејот на Сава откако добиле дојава дека во реката Сава во Белград е забележано безживотно тело.
Нешто по 16:00 часот е добиена дојава дека на водата во близина на познат белградски ресторан е забележано безживотно тело. На лице место е полициска патрола.
Свет
343 лица се приведени на протестите во Турција

Турските власти привеле 343 лица на протестите што се одржаа синоќа во повеќе градови во Турција поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесува ДПА.
Демонстрации се одржаа во десетина градови, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара.
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“.
Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни демонстрации од средата, кога Имамоглу беше приведен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, заедно со уште 103 други осомничени.