Контакт

Европа

Двајцата Руси уапсени во Холандија планирале хакерски напади

Објавено пред

Двајца Руси, наводни шпиони, за кои се сомнева дека планирале да извршат компјутерски напад врз швајцарската лабораторија, која учествува во истрагата „Скрипал“, беа уапсени минатата пролет во Холандија и депортирани во Русија, соопштија денеска медиумите и официјалните извори.

Тие беа уапсени на почетокот од оваа година во Ден Хаг од страна на холандска воено-разузнавачка служба (МИВД), пишува холандскиот весник НРЦ, кој ја водеше истрагата, во соработка со швајцарскиот весник Tages-Anzeiger.

Според НРЦ, двајцата агенти на руската службапоседувале опрема со која би можеле да се влезат во ИТ-мрежата на лабораторијата на Спиез, Швајцарскиот институт за одвраќање нуклеарни, биолошки и хемиски закани и ризици.

Според НРЦ, двајцата шпиони се агенти на руската воена разузнавачка служба (ГРУ). Но, не станува збор за двајцата Руси осомничени дека извршиле напад со хемиско оружје во Салсбери и кои Лондон ги обвини дека припаѓаат на ГРУ, додава весникот.

Холандскиот премиер Марк Руте на 26 март одлучи да ги протера „двајцата руски разузнавачи кои работеле во руската амбасада”, како одговор на нападот во Салсбери. НРЦ не знае дали тие двајца планирале хакерски напад врз лабораторијата на Спиез.

На барање на АФП, холандското Министерство за одбрана не сакаше да ги коментира тие информации.

Ни Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) не сакаше да коментира, објави агенцијата „Риа новости“.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Британија испраќа нов брод во Персискиот Залив

Објавено пред

Велика Британија, поради тензиите со Иран, до крајот на годинава ќе испрати брод на Кралската морнарица ХМС Кент во Персискиот Залив за да ги заштити своите интереси и да обезбеди слободна пловидба, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Министерството претходно наведе дека мисијата е рутинска, и распоредувањето на фрегатата било планирано одамна, но денеска објасни дека податоците биле помешани со оние кои се однесуваат на бродот за поддршка Вејв најт.

„Жал ни е што информацијата во врска со одамна планираното распоредување на бродот Вејв најт е помешана со испраќањето на бродот ХМС Кент во Персискиот Залив. Остануваме фокусирани на намалување на тензиите во регионот и ќе реагираме соодветно за да ги зачуваме британските интереси и да обезбедиме слободна пловидба, се наведува во соопштението и се истакнува дека тоа го потврдува и испраќањето на ХМС Кент во заливот.

Техеран претходно најави дека ќе одговори на чекорот на Британија, која заплени ирански танкер во Гибралтар.

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Објавено пред

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во коалиција со сојузниците од Социјалдемократската партија, изјави денеска за „Ројтерс“ шефот на нејзиниот кабинет, Хелге Браун.

Меркел, која наполни 65 години, во последните недели имаше неколку напади на тресење на јавни церемонии, што покрена шпекулации околу нејзиното здравје, додека таа инсистираше дека нема потреба за грижа.

Во јавноста деновиве беше отворено и прашањето дали социјалдемократите ќе се повлечат од владејачката коалиција, бидејќи голем број членови од левооријентираната партија сакале да го напуштат сојузот со канцеларката.

Браун сепак очекува дека социјалдемократите ќе останат во коалиција со конзервативниот блок на Ангела Меркел.

Тој рече дека не верува оти Социјалдемократската партија ќе сврти грб во моментот кога германската влада треба да се позанимава со брегзитот и да помогне при обликувањето на европската иднина кога в година ќе го презеде претседавањето со Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Европа

Меј: Патот што ќе го избере Британија мора да биде одржлив

Објавено пред

Британската премиерка во заминување Тереза Меј изјави дека кој пат и да го избере Велика Британија за излез од Европската Унија, тој мора да биде одржлив на долги патеки.

Меј истакна дека е неопходен некој вид компромис во екот на растечки поделби, пренесе „Ројтерс“.

Во својот последен голем говор пред заминувањето од премиерската функција следната седмица, Меј  изрази загриженост за состојбата на политиката и истакна дека подготвеноста на компромис „излегла од мода“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија14 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија14 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија19 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа20 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија20 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет20 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ21 час

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет21 час

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет22 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет23 часа

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа23 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет23 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија2 дена

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа2 дена

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие