Контакт

Свет

Двајца полицајци меѓу четворицата убиени во престрелката во Канада

Објавено пред

Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца полицајци, се убиени во престрелка во источна Канада, соопшти полицијата и додaде дека еден осомничен бил уапсен.

Пукањето се случило во станбен комплекс во Фредериктон, град со околу 58 000 жители.

За време на престрелката полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови и да ги заклучат вратите. Исто така од жителите беше побарано да не ја откриваат локацијата на полициските сили преку социјалните мрежи.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ го цитира жителот на Фредериктон, Дејвид Мекубриј, дека околу седум часот по локално време слушнал три испукани куршуми кои го разбудиле од спиење.

Според него, по тоа, слушнал уште 15 истрели испукани до 8 часот и 30 минути. Жителот објаснил дека звучело како престрелката да се одвива на десетина метри од комплексот во кој живее, каде се наоѓаат четири згради.

Минатиот месец во Торонто напаѓач уби двајца и рани 13 лица, а потоа изврши самоубиство, потсетува британската агенција.

Регион

Уапсен педофилот што испраќал подароци за родителите преку „Али експрес“, а за возврат добивал голи фотографии на деца

Објавено пред

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Одделот за спречување високотехнолошки криминал, во соработка со специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија Д.К. (42) од Белград под сомневање дека сторил кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и злоупотреба на малолетно лице за порнографија.

За време на претресот на осомничениот, полицијата пронајде и конфискува компјутерска опрема со 42,5 гигабајти содржина настаната преку искористување на деца за порнографски цели, преземени од интернет, а на мобилниот телефон на осомничениот пронајдени се 826 фотографии и 120 видеа во кои децата се искористуваат за порнографски цели.

Постои сомневање дека Д.К. освен преку симнување од интернет, содржините ги набавувал и преку комуникација со луѓе од странство така што, во замена за подароците што им ги праќал преку „Али експрес“,  се стекнал со фотографии и видеа од нивните деца кои се користат за порнографија.

Осомничениот е приведен со кривична пријава пред канцеларијата на надлежниот обвинител.

Прикажи повеќе...

Вести

Курц: Одлуката на британскиот парламент е лоша и за земјата и за ЕУ

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави дека би сакал да им остави време на Британците за да не дојде до премногу ненадеен излез од Европската унија и нагласи дека договорот за брегзит не може повторно да се преговара.

„Но, желбата за тоа мора да дојде од Велика Британија”, рече Курц.

Иако одлуката на британскиот парламент беше очекувана, таа е лоша и за земјата и за ЕУ, додаде Курц во својата изјава по седницата на австриската влада.

Британскиот парламент синоќа со 432 пратенички гласа „против“, и само 202 пратеници „за“ го отфрли договорот за брегзит кој премиерката Тереза Меј го склучи со Европската унија.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчкиот вицепремиер: Ципрас ќе го преживее гласањето доверба

Објавено пред

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ќе ја добие довербата во парламентот, дециден е грчкиот вицепремиер, Јанис Драгасакис кој истовремено е и убеден дека преспанскиот договор ќе го освои потребното мнозинство, пренесе „Ројтерс“.

Вицепремиерот рече дека владата ќе стане посилна кога ќе го победи гласањето доверба, што ќе се случува доцна вечерва, а потоа ќе може да обезбеди поддршка од парламентот за договорот со кој ќе се стави крај на спорот за името.

„Ројтерс“ пишува дека грчките противници на договорот тврдат дека новото име Република Северна Македонија претставува обид за присвојување на грчкиот идентитет.

Ципрас изјави дека ако ја добие довербата со апсолутно мнозинство од 151 пратеник во 300-члениот парламент, тој ќе го достави месецов и договорот за името на ратификување. Ако го загуби гласањето доверба, Ципрас најави дека веднаш ќе закаже парламентарни избори.

Согласно уставот, Ципрас треба да обезбеди најмаку 120 гласови, меѓутоа тој се надева на 151 глас за да добие апсолутно парламентарно мнозинство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија47 минути

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија55 минути

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија2 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија3 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија3 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија3 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија5 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија5 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион6 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести6 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија6 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет7 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет7 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет8 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет9 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет19 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион19 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион20 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет21 час

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие