Контакт

Свет

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Објавено пред

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“ и го замрзнаa имотот на 17 негови соработници поради дигиталниот криминал преку кој од компании ширум светот собрале повеќе од 100 милиони американски долари.

Во споменатата акција против Evil Corp, официјалните лица понудиле сума од 5 милиони американски долари за информации што би довеле до апсење на нејзиниот наводен водач – Максим Јакубец.

Властите го опишале 32-годишниот Јакубец како љубител на скапи автомобили, со регистарска табличка на неговиот „ламборџини“, на која на руски пишува „крадец“, а кој своите операции ги води од подрумите на московските кафулиња, пренесува „Ројтерс“.

„Јакубец е прав криминалец од 21 век“, изјави главниот помошник на американскиот државен обвинител, Брајан Бенцковски.

„Овој хакер има свое место на списокот на ФБИ за најбарани сајбер-криминалци“, додаде тој.

Evil Corp, наводно, стои зад софтверот познат како Драјдекс, кој оштетил многу банки и бизниси од моментот кога за прв пат се појавил во 2011 година. Хакерите го користеле за да ги пробијат банкарските системи за безбедност и да направат неовластени финансиски трансфери.

Само во САД, челеновите на оваа хакерска организација предизвикале загуби од околу 70 милиони американски долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Одлуката за ограничување на движењето во Косово е прогласена за неуставна

Објавено пред

Уставниот суд на Косово ја оцени како противуставна одлуката на Владата за ограничување на движењето во одредени временски периоди поради коронавирусот.

Барањето за оценка на уставноста ја поднел претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Судот оценил дека одлуката е противуставна затоа што не е заснована на закон и како рок за нејзино ставање вон сила го навел 13 април.

„Уставот јасно пропишува дека основните слободи и права може да се ограничат само со закон“, соопштија од судот.

Прикажи повеќе...

Регион

Курти ги укина таксите за Србија и БиХ

Објавено пред

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија и Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“.

Курти прецизирал дека мерката за реципроцитет се однесува на Србија, а дека за стоката од БиХ таксата се укинува безусловно.

Одлуката стапува на сила вечерва на полноќ и ќе важи до 15 јуни оваа година, кога ќе се согледаат резултатите од нејзината примена.

Институциите на Косово ќе треба да почнат со примена на одлуката откако ќе биде потпишана.

Косовоското собрание пред неколку дена ја отповика владата на Курти.

Прикажи повеќе...

Свет

Секој четврти лекар во Британија е заразен со Ковид-19 или е во самоизолација

Објавено пред

Управникот на Кралскиот лекарски колеџ, Ендру Годар, изјави дека секој четврти лекар во здравствениот систем на Велика Бртанија или е заразен со коронавирус или е во самоизолација.

Тој рекол дека одделите за интензивна нега во некои болници го достигнале лимитот, пренесува „Гардијан“.

Сепак, тој истакнал дека повеќето лекари кои се во домашна изолација не значи дека се и заразени со коронавирус.

Британската влада се најде на удар на критиката поради недостиг на заштитна опрема на медицинските лица кои ги лекуваат пациентите со коронавирус. Недостасуваат маски, заштита за очите, како и други основни медицински средства.

Според официјалните податоци, 393 лица починале од коронавирус во последните 24 часа во Велика Британија. Ова го означува најлошиот ден во Велика Британија откако започна пандемијата на коронавирус.

Вкупниот број на смртни случаи е 1.801 луѓе. Најмногу жртви има во Англија – 367 , а потоа следува Шкотска, со 13 смртни случаи, седум во Велс и шест во Северна Ирска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија13 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија14 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија14 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија15 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија16 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија17 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет17 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија18 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет19 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет21 час

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија21 час

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет22 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет22 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет23 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија23 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 ден

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 ден

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија1 ден

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Досие