Свет
Две бебиња пронајдени закопани во ист двор во Италија, мајката под истрага: никој не знаел дека е бремена
Тело на новороденче било пронајдено закопано во дворот на куќа во провинцијата Парма, Италија, откако на 9 август во истата област било пронајдено уште едно тело на новороденче, кое наводно починало неколку дена претходно.
Пронајдените останки, според првичните испитувања, претставуваат скелет на бебе родено околу 40-та недела и се чини дека потекнуваат од пред повеќе од една година, поради што 22-годишната мајка на пронаједното бебе е осомничена за две чедоморства, пренесуваат медиумите во регионот.
Сомнежите се дека можеби го убила и сокрила и првото дете.
Според италијанските медиуми, мајката на новороденото девојче е под истрага за убиство и прикривање на трупот. Наводно, никој од членовите на семејството не знаел дека таа била бремена, дури ни таткото на детето.
Не посетила гинеколог и наводно се породила сама дома, без ничија помош.
„Не можеше се сама, не е можно“, вели Соња, мајка на младиот човек за кој се покажало дека е татко на бебето пронајдено во градината на семејната куќа.
Тој рече дека не знаел за бременоста, раскажала таа.
Во изминатите денови истражителите кои го пронајдоа првото тело се вратија во куќата и копајќи ги пронајдоа остатоците од второто тело. Во тек е обдукција која треба да ги открие причините и времето на смртта.
Прецизноста ќе биде важна за решавање на случајот, а оние кои ги виделе посмртните останки се убедени дека се работи за многу мало дете.
Прелиминарните резултати од обдукцијата на телото на новороденчето покажале дека се работи за момче кое дишело, а потоа починало набрзо по раѓањето, но причините за смртта се уште не се разјаснети.
Врската помеѓу овие две наоди сè уште не е разјаснета, стои во написите на тамошните медиуми.
Мајката на новороденчето моментално е единствената под истрага и оние кои ја познаваат ја опишале како ученичка без посебни проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.