Контакт

Европа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Објавено пред

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите на компанијата, а извори велат дека и двете претрпеле сериозни невролошки проблеми.

Фирмата објави детали од истражувањето во саботата, откако се соочи со низа критики за недостиг на транспарентност кога станува збор за испитувањето.

„Астра Зенека“ вакцината ја развива во соработка со Универзитетот „Оксфорд“, а претходно една од волонтерките се разболе откако во јули примила доза од потенцијалната вакцина.

Имено, подоцна на една жена ѝ беше дијагностицирана ретка болест која влијае на ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи слабост, сензорни промени и дисфункција на автономниот нервен систем.

Портпаролката на компанијата за медиумите потоа изјави дека волонтерката имала недијагностицирана мултиплекс склероза, па испитувањето продолжило.

Друга волонтерка имала компликации откако примила доза од вакцината во септември. „Астра Зенека“ не ја потврди нејзината дијагноза, но извор за „Њујорк тајмс“ рекол дека станува збор за истото невролошко заболување како волонтерката од првиот случај.

Истражувањето било запрено на 6 септември, откако се разболела и втората жена, но во Велика Британија, Бразил, Индија и Јужна Африка продолжило само по една недела. САД, сепак, сè уште не даваат зелено светло за да продолжи тестирањето.

„Астра Зенека“ својата потенцијална вакцина ја примени врз околу 18.000 луѓе ширум светот, а во внатрешните документи вели дека двата случаи на заболување „веројатно не биле поврзани со вакцината, односно дека нема доволно докази и не може со сигурност да се каже дали болеста е поврзана со вакцината или не“.

Станува збор за сериозна и ретка болест, а нејзината појава меѓу волонтерите во истражувањето може да доведе до тоа компанијата да ја загуби трката за развој на вакцина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Убиството на британскиот политичар е терористички чин

Објавено пред

Британската полиција соопшти дека убиството врз пратеникот на Конзервативната партија, Дејвид Ејмс е терористички чин.

Првите наоди од истрагата укажуваат на потенцијална мотивација поврзана со исламистички екстремизам.

Ејмс беше убиен со нож додека разговараше со жителите во неговата изборна единица во Есекс.

25-годишник е уапсен на лице место под сомнение дека го извршил убиството, а полицијата соопшти дека не трага по други сторители. Извори од британската влада за Би-Би-Си велат дека уапсениот е со британска националност, но со сомалиско потекло.

Кој беше сер Дејвид Емс?

Тој ги претставуваше ториевците во парламентот речиси 40 години.

69-годишниот политичар, кој во приватниот живот е татко на пет деца првпат влезе во парламентот во 1983 година.

Тој беше израснат во католички дух и беше познат како социјален конзервативец, гласно се бореше против правото на абортус и активно се вклучи во заштитата на благосостојбата на животните.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: ЕУ треба да ги решава разликите со разговор

Објавено пред

ЕУ треба да ги реши разликите преку меѓусебни разговори, рече германската канцеларка Ангела Меркел, одговарајќи на прашањето за спорот со Полска околу владеењето на правото.

„Сите ние сме земји -членки на Европската унија, што значи дека имаме должност секогаш да се обидуваме да најдеме компромис без да се откажеме од нашите принципи“, им рече Меркел на новинарите по средбата со белгискиот премиер Александар Де Крум во Брисел, пренесе „Ројтерс“.

„Мислам дека е време подетално да разговараме со полската влада за тоа како да се надминат проблемите“, додаде таа.

Меркел посочи дека Европскиот суд на правдата мора одвреме -навреме да одлучува за предметите, но исто така додаде дека е загрижена за бројот на предмети што завршуваат пред највисокиот суд на ЕУ во моментов.

Прикажи повеќе...

Европа

Данците ќе добиваат покани да примат и трета доза вакцина

Објавено пред

Од идната недела данските здравствени власти ќе почнат да канат голем број граѓани да примат трета доза од вакцината против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство, Магнус Хојнике.

Повик ќе добијат лицата што ја примиле втората доза пред шест и пол месеци, а првично ќе бидат повикани оние над 65 години, здравствените работници и постари работници, кои биле меѓу првите што примиле вакцина против Ковид-19, објанси министерот.

Регулаторното тело за лекови на Европската Унија соопшти дека оние со ослабен имунолошки систем како трета доза треба да добијат вакцина од „Фајзер-Бионтек“ или „Модерна“, но остави на земјите членки да одлучат дали пошироката јавност треба да добие дополнителна доза.

Во септември Данска почна да дава трета доза за згрижените во домовите за стари лица и за другите изложени на ризик од сериозни болести предизвикани од вирусот.

Нордиската земја ги укина последните ограничувања за коронавирусот во септември откога вакцинира голем дел од населението.

Досега, 75 проценти од населението е вакцинирано, а 2,2 процента од Данците добиле трета бустер-доза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

СДСМ очекува победа во Крушево, Ресен и Струмица

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ брифираат дека на локалните избори предност пред ВМРО-ДПМНЕ имаат во Валандово, Дојран, Крива...

Македонија34 минути

ВМРО-ДПМНЕ објави за водство во пет скопски општини и победи на неколку места

Аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најави победа во поголемите скопски општини и неколку големи градови. Оттаму брифираат дека според првичните информации,...

Македонија57 минути

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија1 час

Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа

Љупчо Николовски, генерален секретар и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ изјави дека во нивниот аналитички компјутерски центар веќе...

Македонија1 час

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија2 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија3 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија4 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија4 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија6 часа

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија7 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет7 часа

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија8 часа

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија9 часа

Проблеми со уредите за отпечаток на повеќе избирачки места, ДИК апелира гласачите да притиснат повеќе

На дел од избирачките места утрово гласањето било прекинато поради проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите. Портпаролката на...

Македонија9 часа

Член на политичка партија пријавил дека осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите

Член на политичка партија пријавил во американската амбасада дека 83 осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите, соопшти Јавното...

Свет11 час

Повеќе од 1.000 починати од коронавирус во Русија за 24 часа

Русија регистрираше повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, првпат од почетокот на пандемијата. Дневниот број на...

Свет12 часа

(Видео) Руските актерка и режисер кои снимаа филм во вселената се вратија на Земјата

Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимат првиот филм во...

Македонија13 часа

Локални избори во Македонија, првпат се гласа со апарати за отпечаток од прст

Во Македонија се одржуваат седми локални избори од независноста на државата, а за првпат се користат апарати за отпечаток од...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 22-годишен пациент од Битола

Дваесет и двегодишен пациент од Битола е еден од починатите од коронавирус во изминатите 24 часа. Од Министерството за здравство...

Македонија1 ден

3.000 денари за глас на изборите – фатен поткупувач во Делчево

На разговор во полицијата е повикан 35-годишник од Делчево со иницијали Н.С. кој се сомничи дека дал 3.000 денари во...

Досие