Европа
Две лица загинаа во поплави на северот од Италија

Две лица загинаа, а две се водат како исчезнати во невремето што ја зафати Северна Италија и предизвика поплави.
Првата жртва е таксист чие возило го однела надојдената вода откако река се излила од своето корито во провинцијата Алесандрија.
Во возилото имало уште едно лице, но тоа преживеало.
Втората жртва е 81-годишен пензионер, кој починал откако неговото возило се излизгало од автопат во близина на Торино. Неговата сопруга, која била сопатник во автомобилот, е повредена.
Две стари лица се пријавени како исчезнати во Морнеза, објави агенцијата „Анса“.
Невремето го наруши сообраќајот, причинета е тешка материјална штета, а многу училишта се затворени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Напаѓач со нож уби полицајка во Франција

Напаѓач во Франција со нож до смрт избоде полицајка во полициска станица во близина на Париз по што беше застрелан од други полицајци, пишува „Ле Фигаро“.
За време на нападот, напаѓачот извикувал: „Алах акбар“.
Инцидентот се случил околу 14.20 часот, рекол полициски извор, додавајќи дека и жртвата и напаѓачот, и двајцата туниски државјанин, се мртви.
Напаѓачот наводно пристигнал во Франција во 2009 година.
Европа
Русија протера пет полски дипломати како одговор на потегот на Варшава

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај, пренесуваат руските агенции.
Во соопштението се вели дека станува збор за реципрочен одговор на потегот на Варшава, којa на 15 април прогласи тројца претставници на руската амбасада за непожелни, повикувајќи се на наводнo кршење на правилата за дипломатски статус и активности на штета на Полска.
Полскиот амбасадор, кој денес беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, беше информиран за одлуката на Москва.
Европа
(Видео) Папата Франциско: Светот е на патот на самоуништување

Папата Франциско предупреди дека светот е на патот на самоуништување доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на Ковид-19 како шанса да ја направат планетата поправедна и позелена.
Во видеопорака објавена на Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциско рече дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените лекции за социјалните неправди откриени за време на пандемијата, пренесува АП.
„И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нè притиска и, како што покажа Ковид-19, имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за дејствување, ние сме на граница“, рече папата.
Тој додаде дека неволите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат водачите да се стремат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.
Тој апелираше до сите водачи на светот: да постапуваат смело, да дејствуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување што е иницирано многу пати.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?