Контакт

Европа

Две лица ранети во пукање во Брисел

Објавено пред

Две лица се ранети во пукање во Брисел, а полицијата соопштила дека потрагата по сторителите е во тек.

Пукањето се случило во улицата Кроа де Фер, кај барот „Свич“, пренесуваат локалните медиуми. Полицијата била повикана околу 9 и 30 часот, а ранетите се пренесени во болница.

Сторителите избегале со автомобил. Истрагата е во тек.

Европа

(Вознемирувачко видео) Матадор прободен во препоните од бикот на кој му заби копје

Објавено пред

За време на одбележувањето на Националниот ден на Шпанија, кој се прославува на 12 октомври, бик со своите рогови сериозно го повреди во препоните матадорот кој се обидувал да го убие, пишува „Индепендент“.

Животното кое претходно матадорот трипати го прободел со нож и во грбот му забил три копја, потоа го фрлило Гонзало Кабелеро (27) во воздухот и го удрило во препоните по втор пат.

Бидејќи Кабелеро многу крварел од препоните, веднаш бил опериран во амбулантата што се наоѓала во близина и подоцна бил пренесен во болницата Сан Франциско де Асис за понатамошно лекување.

Целиот настан го набљудувала неговата девојка Викторија Федерика (19), петта по ред за шпанскиот престол. Кабелеро верувал дека нејзиното присуство му носи среќа.

Бикот бил убиен, а матадорите му го отсекле увото и му го однеле како трофеј на Кабелеро во болница; што е во согласност со традицијата.

По неколку месеци закрепнување од повредата, Гонзало Кабелеро се вратил во арената.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Објавено пред

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина нивни лидери на казни затвор од девет до 13 години. Тие се осудени поради нивната улога во обидот за одвојување на Каталонија од Шпанија во 2017 година.

Според агенциите, стотина активисти се судриле со полицијата во обидот да влезат во аеродромот. Итните служби соопштија дека 37 лица се повредени, од кои 34 на аеродромот.
Полицијата се судрила со демонстрантите кога тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да влезат на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.

Портпаролот на каталонската регионална полиција потврди дека силите за безбедност ги оттурнале лицата кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.

Според управата на аеродромот, 108 летови биле откажани откако демонстрантите го блокирале пристапот до аеродромот. Патниците морале да излегуваат од автомобилите на автопатот и да одат пешки до аеродромот затоа што сите приоди биле блокирани.
Во разни делови од Каталонија активистите ги блокирале патиштата и железничките пруги.

Иилјадници демонстранти синоќа се собраа во центарот на Барселона.Шпанската влада на премиерот Педро Санчез во изминатите неколку дена испрати полициски засилувања и порача дека нема да се воздржува од активирање на вондредни мерки доколку ситуацијата ексалира.

Прикажи повеќе...

Европа

Обраќање на британската кралица: Приоритет е излезот од ЕУ до 31 октомври

Објавено пред

Приоритет на британската влада е да ја напушти Европската Унија до 31 октомври, рече денес кралицата Елизабета Втора.

Говорејќи пред Парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон да работи на ново партнерство со Европската Унија, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа додаде дека британската влада по напуштањето на ЕУ, ќе обезбеди земјата да продолжи да има водечка улога во светските состојби и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесе Би-би-си.

„Мојата влада ќе биде во првите редови во решавањето на најсложените меѓународни безбедносни проблеми“, рече кралицата.

По говорот, кралицата Елизабета Втора се врати во Бакингемската палата, а меѓу присутните во Парламентот беше и поранешната премиерка Тереза Меј.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Судење ,,ТНТ“: Вештак тврди дека и со Нокиа 3310 може да се прислушува

Во кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ,,ТНТ” на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев предложен од обвинетите. Вештакот...

Македонија24 минути

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник „Die...

Дијаспора2 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија2 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа2 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион3 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија3 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт13 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија16 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија17 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија17 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ19 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија19 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија19 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија20 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија23 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет23 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ1 ден

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ1 ден

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија1 ден

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Досие