Свет
Две третини од Французите ги поддржуваат протестите на „жолтите елеци“

Двајца од тројца Французи ги поддржуваат протестите на „жолтите елеци“ во Франција, а речиси 80 отсто ги отфрлаат мерките предложени од претседателот Емануел Макрон како недоволни, според анкетата објавена во средата, пренесува „Брејтбарт“.
Шеесет и шест отсто од испитаниците изјавиле дека ги поддржуваат протестите поттикнати од повисоките даноци за горивото кои траат во изминатите 12 дена и на кои стотици илјади луѓе излегоа на улиците со жолти флуоресцентни елеци.
Само 32 отсто од испитаниците изјавиле дека се спротивставуваат на движењето, покажа истражувањето спроведено од Opinion Way.
Една нова анкета покажа бран поддршка за демонстрантите од „жолтите елеци“ кои ветија дека ќе го блокираат францускиот главен град.
Анкетата беше спроведена во вторникот откако Макрон се обиде да ги смири протестите ветувајќи нов механизам за одложување на идните зголемувања на даноците кога ќе се зголемат меѓународните цени на нафтата. Тој, исто така, вети тримесечни јавни консултацииза да се изготви план со кој Франција би преминала кон позелена економија без да ги казни семејствата со ниски приходи. Но, Макрон одби да ретерира од зголемување на данокот на гориво кој треба да стапи во сила во јануари, велејќи дека е потребно да се помогне во борбата против загадувањето.
Седумдесет и осум отсто од 1013 испитаници сметаат дека мерките што ги објави претседателот се целосно или најчесто недоволни. Речиси 80 отсто се противат на планираното зголемување на данокот на гориво во јануари.
Истражувањето спроведено за телевизијата LCI, радиото RTL и весникот „Ле Фигаро“, покажа дека поддршката за „жолтите елеци” останала релативно стабилна од почетокот на движењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Украинците не може да се повлечат од Курск, блокирани се од сопствените мини

Украински војници во близина на населбата Гоголевка во областа Курск не може да се повлечат поради сопствените мини и со тоа ја загубија последната шанса да избегаат на украинска територија, тврди руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на извор од руските безбедносни агенции.
Како што рече соговорникот на агенцијата, станува збор за војници на вооружените сили на Украина, кои се распоредени југоисточно од Гоголевка. Според ТАСС, тие ја минирале областа за да го спречат напредувањето на руската армија. „Во исто време, вооружените сили на Украина, стационирани во оваа област, ја загубија последната шанса да избегаат во областa Суми“, додаде тој.
Дописникот на „Известија“, Александар Сафиулин, цитирајќи командант на баталјон, сподели дека вооружените сили на Украина се блокирани во целиот регион и без логистика. Се наведува дека на Украинците им остануваат две опции: или да се предадат или да бидат уништени од руските борци.
Европа
(Видео) Складиште за нафта во Краснодар гори петти ден по украинскиот напад

Пожарникарите веќе петти ден продолжија да се борат со пожарот во складиште за нафта во рускиот регион Краснодар, предизвикан од напад со беспилотно летало минатата недела за кој властите ја обвинија Украина, соопшти регионалната администрација. „Еден од резервоарите и нафтените деривати во објектот е во пламен“, соопшти управата во објава на апликацијата за пораки „Телеграм“ во неделата.
Now a permanent fixture of the Russian landscape, the “Kavkaz” oil facility in Russia’s Krasnodar region continues to astonish locals with its nearly week long immolation.
Russia’s oil industry goes hand-in-hand with its wars – one can’t exist without the other. pic.twitter.com/IxXJg0OnMo
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) March 24, 2025
Од неделата во 17 часот површината на пожарот во депото во близина на селото Кавказска беше речиси 2.000 квадратни метри (21.500 квадратни стапки), соопшти администрацијата на „Телеграм“. Областа на пожарот беше речиси двојно зголемена претходната ноќ по излевањето нафта.
Now burning into its 5th day, the Russian oil facility in Krasnodar once again lit the region with fresh explosions.
The war can be over if Ukraine is merely allowed to destroy Putin’s oil industry. pic.twitter.com/ePxDpD9PJs
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) March 23, 2025
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот е прекршување на договорот за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура како дел од напорите да се обезбеди прекин на огнот во војната во Украина.
Регион
Згмечен автобусот откога удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуса, што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.
Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.
Во болница се примени 20 повредени лица, засега ниедно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.
Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.
Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинската помош е во тек, а според првичните информации, ниедна од повредите не е опасна за животот.