Контакт

Свет

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Објавено пред

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим.

Директорот на компанијата на Блумберг, Кевин Шики, рекол дека тој претендент за претседателски кандидат на демократите се брза да се придружи на другите демократски претенденти за демократска претседателска номинација и да објасни зошто тој е најдобар кандидат да го победи Доналд Трамп и да ја обедини земјата.

Деветиот најбогат човек на планетата, со околу 56 милијарди долари, Блумберг ја потресе демократската внатрепартиска трка за претседателски кандидат.

Ексградоначалникот на Њујорк влезе доцна во претседателската кампања. Тој учествуваше во внатрепартиските избори во првите американски држави, кои даваат малку делегати и смета дека ќе влезе во трката на „супервторник“, на 3 март, кога ќе гласаат 14 држави, кои тој веќе ги преплави со реклами.

Досега се организирани десет телевизиски дебати меѓу претенденти за демократски кандидат.

Рекламите на 78-годишниот Блумберг веќе имаа огромно влијание, тој се искачи на третото место меѓу потенцијалните кандидати демократи според просекот на националните анкети, кои ги спроведува порталот „Риал клиар политикс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон повеќе не е на интензивна нега

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, веќе не е на одделот за интензивна нега.

Од неговата канцеларија известија дека тој се чувствува многу добро.

„Премиерот е пренесен од одделот за интензивна нега на одделение, каде што ќе биде внимателно набљудуван за време на неговата рана фаза на закрепнување“, рече портпаролот на неговата канцеларија за Би-би-си.

Пред три дена Борис Џонсон беше префрлен во одделот за интензивна нега во лондонската болница поради влошување на симптомите. Тој доби терапија со кислород, но не беше ставен на респиратор.

Прикажи повеќе...

Регион

Полицијата во БиХ фатила 11 лица додека печеле јагне за време на полициски час

Објавено пред

Полицијата во Босна и Херцеговина прекршочно казнила единаесет лица поради кршење на забраната за движење за време на полициски час, потврдија властите во земјата.

Полициска патрола пронашла група составена од единаесет лица кои печеле јагне на излетничко место кај Србац во средата вечерта.

Меѓу нив имало и лица над 65 години, на кои им е целосно забрането да ги напуштат своите домови, а другите ја прекршиле забраната за напуштање на своите домови помеѓу 20 и 5 часот наутро.

„На лицата им се издадени прекршочни налози во согласност со одредбите на Законот за јавниот ред и мир“, соопшти полицијата.

Полицијата уште еднаш апелира да се почитуваат ограничувањата што се применуваат за време на полицискиот час предупредувајќи дека тоа е исклучително важно за да се спречи ширење на коронавирусот.

 

Прикажи повеќе...

Регион

БиХ нема да добие 165 милиони евра помош оти не може да се договори како да ги подели

Објавено пред

Босна и Херцеговина месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не може да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево, Ендрју Џуел.

„Властите и натаму не може да се договорат како ќе ги поделат парите. Ние им рековме дека без договор не може да следува одобрување на средствата“, изјави Џуел, пренесува „Независне новине“.

Синоќа изминал последниот рок до кога властите во БиХ морале да се усогласат за парите со цел извршниот одбор на ММФ, на седницата закажана за 14 април, да може да донесе и официјална одлука за доделување на средствата. парите требаше да послужат како помош во борбата против последиците од пандемијата на коронавирусот.

ММФ прв понуди конкретна поддршка преку своите инструменти за брзо финансирање со процена дека вкупниот износ на таа помош би можел да биде најмалку 165 милиони евра, но таа би можела да биде и двојно поголема, односно да изнесува 330 милиони евра доколку извршниот одбор оцени дека се исполнети потребните критериуми.

Како што стојат работите сега, БиХ нема да добие ниту една од овие суми во април, а Џуел рече дека е неизвесно кога земјата повторно ќе дојде на ред за расправа на извршниот одбор поради неговиот преполн распоред.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани е негативна на Кoвид-19

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани, кое е позитивно на коронавирусот, е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е...

Економија11 час

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Фирмите што користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што...

Економија11 час

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од буџетот за економските мерки

Владата на денешната седница ја донесе одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите...

Македонија13 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија13 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија14 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија14 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија15 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија15 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа17 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија19 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет19 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија20 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет20 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион20 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет21 час

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа23 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа1 ден

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа1 ден

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Досие