Контакт

Свет

Девет мртви во напад во Министерството за внатрешни работи на Сомалија

Објавено пред

Најмалку девет лица загинаа, а десет се повредени во терористички напад во Министерството за внатрешни работи во сомалиската престолнина, Могадишу.

Вооружени напаѓачи во моментов се наоѓаат во зградата на министерството и ги држат  вработените како заожници.

Од зградата се слушаат пукотници, а официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви би можел да порасне.

Две експлозии утрово одекнаа во Могадишу, една кај претседателската палата, а друга во близина на полициската зграда.

Нападот започна кога бомбаш самоубиец се саморазнесе на капијата пред Министерството, во близина на претседателската палата и парламентот.

Екстремистичката група „Ал Шабаб“, презеде одговорност за нападот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран поделен околу договорот со САД: протести, обвинувања за „капитулација“ и неизвесност во последен момент

Објавено пред

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај на актуелната криза и за ограничување на иранската нуклеарна програма, во Техеран расте отпорот кон можниот договор, а конечната одлука сè уште не е донесена.

Според ирански и американски извори, меморандумот за разбирање меѓу двете земји е во завршна фаза, но неговата содржина и понатаму е предмет на политички, правни и технички анализи во Иран. Иранската новинска агенција ФАРС објави дека властите во Техеран сè уште не донеле конечна одлука за прифаќање на рамковниот договор.

Неизвесноста дополнително се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека договорот би можел да биде потпишан денеска, додека од Иран нема официјална потврда дека е усогласен конечниот текст.

Различни толкувања на истиот договор

Иако документот официјално не е објавен, американски и ирански извори изнесуваат различни информации за неговата содржина.

Според американски претставници и дипломати запознаени со преговорите, Иран би се обврзал да не произведува и да не поседува нуклеарно оружје. Воедно, би следувал процес на отстранување и уништување на дел од иранскиот нуклеарен материјал.

Од иранска страна, пак, се тврди дека Техеран нема веднаш да преземе нови обврски и дека во следните 60 дена по потпишувањето ќе продолжат разговорите за иднината на збогатениот ураниум и другите чувствителни прашања поврзани со нуклеарната програма.

Една од клучните точки на договорот е и повторното отворање на Ормутскиот Теснец, преку кој поминува значителен дел од светската трговија со нафта. Според американските извори, Иран би го обновил нормалниот поморски сообраќај, а би биле укинати и ограничувањата врз иранските пристаништа.

Сепак, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека режимот на пловидба нема целосно да се врати на состојбата пред конфликтот. Тој нагласи дека Иран нема да наплаќа транзитни такси, но ќе воведе таканаречени „услужни надоместоци“ за бродовите што минуваат низ теснецот.

Спор околу замрзнатите средства и воените репарации

Дополнителни несогласувања постојат и околу финансискиот дел од договорот.

Американски претставници тврдат дека нема да бидат ослободени иранските средства додека Техеран не ги исполни преземените обврски. Од друга страна, иранските државни медиуми објавија дека договорот предвидува ослободување на околу 24 милијарди долари замрзнати ирански средства, при што половина од сумата би била достапна веднаш по потпишувањето.

Во иранските медиуми се споменува и можност за формирање фонд за обнова вреден најмалку 300 милијарди долари, кој во Техеран се претставува како компензација за штетите предизвикани од војната. Таква одредба, меѓутоа, не е потврдена од американска страна.

Тврдокорните кругови се спротивставуваат на договорот

Додека официјалниот државен врв настапува со пораки за единство, конзервативните и тврдокорни кругови во Иран сè погласно се спротивставуваат на можниот договор со Вашингтон.

Во Техеран веќе се организирани протести против преговорите, а дел од демонстрантите побараа оставки од министерот за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, кои се меѓу главните актери во преговарачкиот процес.

Еден од најгласните критичари е конзервативниот политичар Махмуд Набавијан, кој предупреди дека прифаќањето на договорот би значело претворање на Иран во „колонија на САД“.

Според него, договорот би го ограничил правото на Иран самостојно да ја развива својата нуклеарна програма и би овозможил слободен пристап низ Ормутскиот Теснец дури и за израелски бродови.

„Колку повеќе покажуваме слабост, толку повеќе војната ни се приближува“, изјави Набавијан во телевизиско интервју.

Дел од медиумите блиски до Исламската револуционерна гарда предупредија дека протестите и нападите врз преговарачите создаваат поделби во општеството и ја поткопуваат националната кохезија во чувствителен момент за земјата.

Конечниот збор ќе го има државниот врв

И покрај растечкиот отпор, аналитичарите оценуваат дека конечната одлука ќе ја донесе највисокото раководство на Исламската Република, предводено од врховниот лидер.

Во политичкиот систем на Иран постојат различни фракции и струи кои можат јавно да изразуваат несогласување, но вообичаено конечната позиција на државниот врв останува пресудна.

Затоа, иако противниците на договорот стануваат сè погласни, преовладува оценката дека доколку раководството на Иран одлучи да го поддржи меморандумот со САД, тој на крајот ќе биде реализиран без оглед на внатрешните притисоци.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Голем шумски пожар во Шпанија: изгореа 330 хектари, евакуирани жители

Објавено пред

Големиот шумски пожар кој избувна во петокот во Ербон, на северот на Шпанија, и понатаму е активен и надвор од контрола. Огнената стихија досега проголта околу 330 хектари шума, а поради директна опасност евакуирани се десетина куќи и прогласен е втор степен на приправност, јавува Еуроњуз.

Пожарот започнал во попладневните часови во петокот и продолжува забрзано да се шири, а противпожарните служби сè уште не успеваат да го стават под контрола. Официјалните проценки покажуваат дека зафатената површина континуирано расте во последните часови.

Огнот се шири кон соседните општини, наредена евакуација

Градоначалникот на Падрон, Анхо Реи Арка, потврди дека пожарот ја преминал општинската граница и се проширил на територијата на соседната општина Тео, движејќи се кон местото Вилар до Биспо. Ова дополнително ја комплицира координацијата на противпожарните екипи на терен и го зголемува ризикот за локалното население.

Населбата Крухеирас де Абаихо е целосно евакуирана во раните попладневни часови бидејќи беше проценето дека десетина куќи се под директна закана од пламенот, а на жителите до доцна во ноќта не им беше дозволено да се вратат во своите домови.

Силниот ветер и високите температури го отежнуваат гасењето

Иако во саботата наутро се чинеше дека ситуацијата на пожариштето се стабилизира, високите температури кои надминаа 30 Целзиусови степени и силниот ветер значително ја влошија состојбата во текот на денот.

„Дува силен ветер, каков што немавме ниту во текот на зимата“, изјави градоначалникот на Падрон, објаснувајќи го неочекуваното и агресивно однесување на огнот.

Поради повторно активирање на еден од краците на пожарот, засилени се сите расположливи сили. На терен се распоредени шумарски агенти, противпожарни возила со пумпи и тешка механизација. Во гасењето учествуваат и воздухопловни сили, а акцијата е координирана од регионалната влада и Министерството за еколошка транзиција, кои испратија канадери и хеликоптер.

Сообраќајот е во прекин

Засега нема информации за повредени лица или за оштетени објекти. Поради близината на огнот до населените места, регионалното Министерство за рурални прашања од превентивни причини прогласи втор степен на вонредна состојба.

Цивилната гарда информираше дека поради густиот чад и пожарот, сообраќајот е целосно прекинат на патиштата кои ја поврзуваат парохијата Каркасија со Падрон, како и Вилар до Биспо со Лампаи во општината Тео.

Овој голем пожар предизвика сериозна загриженост во Галиција, бидејќи официјалниот период на висок ризик од пожари за 2026 година е предвиден дури од 1 јули до 30 септември. Сезонскиот план на Галиција предвидува вкупната изгорена површина за цела година да не надмине 29.207 хектари, цел која е сериозно загрозена со оваа рана огнена стихија.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран се согласи да не произведува ниту да набавува нуклеарно оружје според нацрт-договорот, изјави ирански функционер за Ројтерс

Објавено пред

Иран се согласи дека нема да произведува или да набавува нуклеарно оружје, според нацрт-меморандумот за разбирање постигнат меѓу иранските лидери и Соединетите Американски Држави, открива висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс.

Според изворот, деталите за тоа што ќе се прави со постојниот збогатен ураниум на Иран ќе се решаваат во следните 60 дена по официјализирањето на почетниот договор. Техеран инсистира самиот да го спроведе процесот на разредување на нуклеарниот материјал во рамките на своите граници.

Како одговор на отстапките од иранска страна, Вашингтон се согласил привремено да ги укине санкциите за иранската нафта. Ова ќе му овозможи на Техеран непречено да продава нафта на глобалниот пазар и да ги задржи остварените приходи.

Клучен дел од овој потенцијален договор вклучува и итни мерки за деескалација на море:

– Иран се обврзува веднаш да го прекине затворањето и повторно да го отвори Ормутскиот теснец за меѓународен сообраќај.

– САД ќе ја прекинат поморската блокада што ја спроведуваат врз иранските пристаништа.

Иранскиот функционер за Ројтерс додава дека нацрт-договорот предвидува САД да ослободат замрзнати ирански средства во вредност од дури 25 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија24 минути

СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот

СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе неколку дена не функционира, поради што граѓаните имаат проблеми со скенирање фискални сметки...

Економија30 минути

(Видео) Филипче помеѓу земјоделиците: Зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, откуп нема

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Карбинци обвини дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата...

Свет41 минута

Иран поделен околу договорот со САД: протести, обвинувања за „капитулација“ и неизвесност во последен момент

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај на актуелната криза и за...

Економија59 минути

(Видео) Од есен би можела да почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до јули треба да бидат завршени клучните студии за изградба на брзата пруга на Коридорот...

Спорт60 минути

„Најлошо прво полувреме на Бразил, уште од оние 7:1 против Германија“

Бразил го отвори Светското првенство со реми 1:1 против Мароко, а реакциите во татковината, за настапот на националниот тим се...

Црна хроника1 час

Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот. Според информациите од билтенот на...

Спорт1 час

Грчките специјалци го спасиле Тајрик Џонс од бесните играчи на Панатинаикос

Јаки полициски сили, во полна борбена опрема, спречија потера по Тајрик Џонс во „Салата на мирот и пријателството“. Кога слушнаа...

Црна хроника1 час

„Летал“ на автопатот кон Гевгелија: 21-годишник фатен со 244 километри на час

21-годишен жител на Батинци е лишен од слобода синоќа, откако со возило марка „бмв“ се движел со брзина од 244...

Спорт1 час

Ниту еден од стартерите на Мароко не е роден во матичната земја

Со нерешениот резултат против Бразил (1:1) на Светското првенство во 2026 година, мароканската репрезентација не само што освои важен бод,...