Контакт

Европа

Демократската партија на Италија бара промена на европската фискална политика

Објавено пред

Новата италијанска влада треба да се обиде да издејствува промена на буџетските правила на Европската Унија со цел да се избегне ризикот од рецесија на континентот, рече во понеделникот лидерот на Демократската партија од Долниот дом.

„Секогаш сме обезбедувале флексибилност (во примената на правилата), но сега мораме да ги измениме правилата за сите“, изјави за новинарите Грацијано Делрио пред состанокот на централно-левичарската партија во Рим.

Демократската партија преговара со движењето „Пет ѕвезди“ во врска со формирањето коалиција и владина програма.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Чешка купува 12 американски воени хеликоптери

Објавено пред

Чешкиот министер за одбрана, Љубомир Метнар, изјави дека Владата има намера до крајот на годината да потпише договор со американската администрација за купување 12 воени хеликоптери.

„Договорот е вреден 631 милиони американски долари“, нагласи Метнар, дополнувајќи дека тој опфаќа опрема, муниција, резервни делови, како и обука.

Хеликоптерите треба да бидат доставени на Чешка во 2023 година, по што ќе бидат заменети застарените „ми-24“, од советско производство.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Во Берлин отворена шпионска школа за акции против современиот тероризам

Објавено пред

Германските разузнавачки агенции денеска отворија заедничка шпионска школа во Берлин.

Шефови на странски и домашни разузнавачки агенции официјално го отворија Центарот за обука на разузнавачките служби во близина на местото каде Берлинскиот ѕид претходно го делел градот на два дела, пренесе агенцијата АП.

Агентите во Центарот првенствено ќе бидат обучувани како да одбијат сајбер-напади и да ги осуетат акциите на терористите.

Центарот за обука се состои од работилници и хемиски лаборатории.

Шпионската школа се наоѓа во новото седиште на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), што беше отворено на почетокот од годинава и има простор за 4.000 вработени.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Објавено пред

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од САД.

Според плановите договорени од министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, ќе се започне со работа на нов патролен брод, електронски систем за попречување на неовластени летови и технологија за следење балистички ракети, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Преговорите за проектите траеја неколку месеци, но францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела ја истакна неговата желба за подлабока соработка на ЕУ во сферата на одбраната, кога посочи дека НАТО-алијансата предводена од САД е пред замирање.

Околу 47 заеднички проекти за одбрана на ЕУ се во фаза на развој, откако Франција, Германија и 23 влади на ЕУ кон крајот на 2017 година потпишаа пакт за финансирање, развој и распоредување вооружени сили, по одлуката на Велика Британија да го напушти блокот.

Секое ново оружје на копно, море или во воздух, како и во сајбер-просторот може да му се стави на располагање на НАТО, но преиспитувањето на важноста на љалијансата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп додаде стимул во напорите за формирање на европска одбрана.

Макрон изрази сомнеж за безбедносниот максимум на НАТО, чија стратегија е дека напад врз еден сојузник е напад на сите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион6 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион8 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа9 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија11 час

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија12 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија14 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ16 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија16 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија16 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион16 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија18 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет18 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион18 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 дена

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Досие