Контакт

Свет

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Објавено пред

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа.

„Поднесувам оставка на местото претседател на Собранието, во надеж дека тоа ќе помогне за зачувување на физичкиот интегритет на мојот брат кој го држат како заложник во неговата куќа“, рекол Борда.

Претходно денеска оставка поднесе и министерот за рударство, Цезар Наваро, чија куќа, исто така, беше запалена.

Денеска биле запалени куќите и на сестрата на претседателот на државата, Ево Моралес, како и на гувернерот на регионот Оруро.

Немирите во Боливија почнаа по изборите на 20 октомври кога Моралес прогласи победа. Неговите опоненти тврдат дека тој ги наместил резултатите.

Во постизборното насилство загинаа три лица, додека околу 200 беа повредени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Објавено пред

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, и додаде дека оваа форма на соработка е поддржана од Европската Унија.

Одговарајќи на прашања во врска со летот Белград-Приштина, дали тоа е заслуга на Америка или Европа и дали ЕУ го смета за домашен или меѓународен лет, Стано рече дека тој го гледа само како комерцијален лет, пренесува Н1.

„Нема ништо ново да се каже за статусот. Тоа е долгорочна позиција на ЕУ и започнувањето на комерцијален лет нема да го промени ставот за статусот. Ова е тема што треба да го преземе централното место во дијалогот Белград-Приштина“, рече Стано.

Прикажи повеќе...

Свет

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Објавено пред

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата. Проверките се вршат поради сомневање дека ќе бидат пронајдени луѓе што го имаат новиот корона вирус за кој се верува дека се проширил од Вухан во централна Кина и од кого се разболеа повеќе од 200 луѓе во таа земја.

Потврдата дека болеста може да се пренесе од човек на човек ги зголеми стравовите поврзани со заболување бидејќи милиони Кинези патуваат за Лунарната Нова година, пренесе АП.

Мерките се дел од напорите за спречување на повторното појавување на епидемијата САРС од 2002 и 2003 година, вториот корона вирус што започна во Кина и усмрти речиси 800 луѓе, го парализира транспортот и ја оштети азиската економија.

Еден случај на заболен е откриен во Јапонија поради што земјата ќе побара од посетителите да бидат проверени на аеродромите и другите влезни точки бидејќи очекуваат голем број посетители од Кина за Лунарната Нова година.

Австралиските власти исто така соопштија дека еден маж е во карантин кога добил респираторна болест по патување во Вухан, но дека сега закрепнува.

САД почнаа со прегледи на патниците на летовите од Вухан, кои пристигнуваат на меѓународните аеродроми „Џон Кенеди“, „Сан Франциско“ и „Лос Анџелес“, трите главни аеродроми во САД.

Засилени мерки проследени со дополнителни чистења и дезинфекции на авионите и возовите, како и на железничките станици и аеродромите, се преземени и во Хонгконг, Јужна Кореја, Русија и други.

Прикажи повеќе...

Свет

Новиот шпионски дрон на НАТО може да ѕирка во Русија

Објавено пред

Новите стратешки беспилотни летала на НАТО, „Глобал хоук“, може да ја следат ситуацијата на територијата на Русија од територијата на НАТО, пренесува норвешкиот весник „Верденс ганг“.

„Дроновите ќе летеаат над територијата на НАТО, но може да го забележат и она што се случува далеку зад границите на соседната земја“, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за весникот.

Според Столтенберг, тие летала му обезбедуваат на НАТО единствена предност што ја немаат Русија и Кина.

Беспилотните летала, кои претставуваат нова верзија на американските дронови „Глобал хоук“, може да останат во воздух 30 часа без да дополнуваат гориво. Нивните сензори и радари од висина од 18 километри може да забележат сè што се случува во досег од 200 км.

Две летала во моментот се тестираат на италијанскиот остров Сицилија, а во текот на годината во Италија ќе бидат однесени уште три дрона. НАТО купи вкупно 10 беспилотни летала „Глобал хоук“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион58 минути

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет2 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија4 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија5 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија6 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија6 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет7 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет8 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет9 часа

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија9 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион9 часа

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава11 час

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија21 час

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија1 ден

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија1 ден

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија1 ден

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет1 ден

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија1 ден

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Досие