Контакт

Свет

Демонстранти во Ирак насилно влегле во фабрика и држат заложници

Објавено пред

Демонстранти во Ирак насилно влегле во фабрика за преработка на вода која се наоѓа во нафтено поле „Западна курна 2“ на компанијата „Лукоил” и држат двајца Ирачани како заложници, изјавија извори од „Лукоил“ за ирачката полиција, а информациите ги пренесува „Ројтерс“.

Нафтеното поле на „Лукоил“ се наоѓа на 65 километри северозападно од Басра, каде веќе неколку дена непрекинато се слушаат детонации.

Свет

Трамп во увид на штетите од ураганот Флоренс

Објавено пред

Од

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе допатува во Северна Каролина, сојузна држава која претрпе огромни штети при налетеот на ураганот Флоренс.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сендерс, потврди дека Трамп планира да замине за Северна Каролина, објави агенцијата АП.

Во деновите по првичниот удар на силниот ураган, Северна Каролина се бори со поплави, а граѓаните на Вилмингтон стојат во редови за бесплатна храна, вода и ќебиња.

Во налетотот на ураганот загинаа најмалку 34 лица во три сојузни држави, односно Северна и Јужна Каролина и Вирџинија.

Ураганот Флоренс кој достигна четврта категорија, моментно е само дожд и ветровита маса со низок воздушен притисок, но забрзува на патот кон густо населениот североисток.

Прикажи повеќе...

Европа

Романците следниот месец на референдум за забрана на хомосексуалните бракови

Објавено пред

Од

Романците на 6 и 7 октомври ќе се изјаснат за иницијативата во романскиот устав да се запише забрана за хомосексуални бракови, објави владата. Поборниците за овој план сакаат во уставот да биде вклучена дефиницијата дека бракот претставува заедница меѓу маж и жена, а не меѓу брачни другари, како што е сега.

Овој референдум не се спроведува против сексуалните малцинства, рече премиерката Виорика Данчила на состанокот на социјалдемократската влада.

Поради опасноста од недоволно учество, левото мнозинство одлучи да го измени законот со цел референдумот да трае два дена. Данчила ги критикува повиците за бојкот од страна на дел од опозицијата од десниот центар и неколку невладини организации, што може да доведе до пропаѓање на референдумот.

Во оваа претежно православна и конзервативна земја, „да“ за забраната има големи шанси. Но, за да биде валидна одлуката, на референдумот мора да учествуваат 30 отсто од 18,9 милиони Романци.

Овој референдум е резултат на граѓанска иницијатива од неколку невладини организации блиски до моќната православна црква, кои тврдат дека собрале 3 милиони потписи за поведување на процесот.

Според аналитичарите, поразот би претставувал сериозен удар за социјалдемократите, а според анкетите, нивната популарност паѓа и по контроверзните судски реформи што беа критикувани од Брисел.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) По силното невреме во Северна Каролина, автопат изгледа како река

Објавено пред

Од

Ураганот Флоренс, кој го погоди источното крајбрежје на САД, зад себе остави најмалку 32 мртви. Од нив, 25 загинаа во Северна Каролина, шест во Јужна Каролина, а едно лице почина во Вирџинија.

Околу 343.000 луѓе се без електрична енергија во Северна Каролина, а во меѓувреме нивото на реките продолжува да расте.

При ваков развој на настаните се појави видео снимено во Северна Каролина на кое се гледа водна површина што на прв поглед изгледа како река. Сепак, локалните власти информираат дека станува збор за поплавен автопат по силното невреме.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија32 минути

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде на утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс....

Daily news2 часа

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура21 час

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ22 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија23 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Досие