Свет
Денеска се гласа за доверба на Борис Џонсон

Конзервативните британски пратеници, денеска, од 19 до 21 часот, ќе гласаат доверба на премиерот Борис Џонсон. Доколку Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова смена.
Изгласување доверба побараа најмалку 54 конзервативни пратеници. Сепак, за гласање недоверба ќе биде потребно мнозинство од најмалку 180 конзервативни пратеници да гласаат против него, пишува Би-би-си.
Џонсон, премиер од 2019 година, е под зголемен притисок по забавите во време кога остатокот од земјата беше под мерки наметнати поради пандемијата на Ковид-19.
Голем број конзервативци изразија загриженост за тоа дали 57-годишниот Џонсон ја изгубил власта да управува со земјата во услови на рецесија, зголемени цени на храната и горивото и штрајкови во Лондон.
Најмалку 54 конзервативни члена на Парламентот мора формално да поднесат барање до претседателот на Комитетот на партијата од 1922 година, Греам Брејди, за гласање недоверба за да биде промовирано. Писмата се доверливи, па само претседателот на комисијата знае колку всушност биле доставени.
Мнозинството конзервативни пратеници треба да гласаат за заминување на Џонсон, што се смета за тешко остварливо. Доколку успее, следуваат избори за ново партиско раководство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украински парламент: Русите ни украдоа 500 илјади тони жито

Украинскиот парламент ги обвини Русите дека украле повеќе од 500.000 тони жито од двата окупирани региони.
Украинскиот парламент соопшти дека резервите биле земени од важниот пристанишен град на Црното Море, Керсон и југоисточниот град Запорожје.
🛑🌾 russia stole more than 500.000 tons of Ukrainian grain from the temporarily occupied #Kherson and #Zaporizhzhia regions.
The 🇷🇺 "second" army of the world turned out to be orcs, liars, looters, rapists and thieves.#StopPutinNOW #StopRussia#WarCrimes pic.twitter.com/Z8ScDnDRVp
— Verkhovna Rada of Ukraine – Ukrainian Parliament (@ua_parliament) June 26, 2022
„ Излегува дека втората војска во светот се лажговци, разбојници, силувачи и крадци“, напиша парламентот на Украина на Твитер.
Регион
Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните власти ја забранија парадата и оваа година. Илјадници луѓе некогаш учествуваа на парадите долж улицата Истиклал во Истанбул, но во последниве години владата предводена од претседателот Тајип Ердоган и неговата АК Партија од исламистички корени го заостри својот став за слободата на ЛГБТК + луѓето.
Хомосексуалноста не е кривично дело во Турција, но има сè поголема одбивност кон неа, додека полициското сузбивање на поворките станува се пожестоко секоја година. Полицијата со опрема за немири упадна на собирот, отстранувајќи стотици демонстранти со камиони. Јавниот превоз во областа исто така е суспендиран.
Локалните власти во областа Бејоглу ги забранија сите настани за време на Неделата на гордоста, помеѓу 20 и 26 јуни, со образложение дека чувствителноста на општеството може да доведе до немири.
Свет
Захарова: Го делат светот на оние кои имаат и на оние кои треба да ги искористуваат

Западните земји се уште имаат колонијален однос кон светот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Во интервју за телевизијата „Русија-1“, Захарова изјави дека сите европски земји имаат едно нешто заедничко, а тоа е нивното империјалистичко размислување во контекст на нивното колонијално минато, пренесе ТАС С.
„ Тие го делат светот на исклучителни, оние кои можат да направат сè и имаат што сакаат и сите други кои треба да бидат експлоатирани“, рече таа, додавајќи дека западните земји „се обидуваат да го користат дури и она што не им припаѓа“. Според неа, тие дури и сакаат да бидат платени за тоа.
„ Тоа сега се случува на енергетскиот пазар“, посочи таа.