Контакт

Европа

Денеска средба меѓу Макрон и Путин

Објавено пред

Лидерите на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин, попладнево ќе се сретнат во Брегансон – летната резиденција на францускиот претседател, само пет дена пред самитот на Г7 во Бијариц.

Како што минатата недела најавија од Кремљ, разговорите ќе се фокусираат на соработката на Русија со Европската Унија.

Советникот за меѓународни работи на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, истакна дека ова прашање е особено интересно поради неодамнешните промени во раководството на водечките европски институции.

„Русија постојано ја искажува својата подготвеност да продолжи со политичкиот дијалог со ЕУ. Ние сакаме да ги обновиме контактите со раководството на Европската комисија и другите институции на ЕУ“, нагласи Ушаков.

Најавено е дека Путин и Макрон исто така ќе разговараат за плановите за одржување нов самит на четворката за Сирија, а меѓу другите теми на средбата ќе бидат Иран и неговата нуклеарна програма и ситуацијата во Либија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Повторно протести во Каталонија, блокиран автопатот

Објавено пред

Демонстрантите во Каталонија го блокираа автопатот што го поврзува шпанскиот регион со Франција, поради што е запрен сообраќајот во двата правци.

Тие го сторија тоа на покана на групата Демократски цунами, која ги организираше минатомесечните масовни протести кај аеродромот во Барселона, јавуваат агенциите.

Групата во соопштението наведува дека протестите се покана до меѓународната заедница да ја принуди шпанската држава да сфати дека единствениот начин е да се седне и да се разговара.

Најновите протести се одржани еден ден по изборите во Шпанија, забележува АП.

Прикажи повеќе...

Европа

Пензионер заврши во болница поради предозирање со кокаин, но тоа не е единствениот случај во Англија

Објавено пред

Деведесетгодишен пензионер е хоспитализиран во англиска болница поради паничен напад предизвикан од употреба на кокаин.

Но тој не е единствениот, според извештајот на англиската Национална здравствена служба, десетина постари пациенти биле донесени во болница на кои им се дијагностицирани бихевиорални и психички нарушувања предизвикани од употреба на кокаин.

Анализата во Англија покажа зголемување на бројот на лица постари од 60 години кои се лекуваат поради проблеми со кокаин.

Од 45 лица пријавени во 2009 година, оваа година бројот се зголеми на 379 лица, пренесува „Мирор“.

Д-р Емили Финч, од Факултетот за болести на зависност, рече дека зголемувањето на бројот на пензионери кои консумираат наркотици е поврзан со подолгиот животен век, зголемувањето на чистотата и падот на цената на наркотиците.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Објавено пред

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница, откако полицијата го фатила како под дејство на алкохол се обидува да ја скрие во река торбата со делови од нејзиното тело.

„Призна дека е виновен“, изјави адвокатот на 63-годишниот Олег Соколов, додавајќи дека неговиот клиент жали поради тоа што го направил и соработува со полицијата.

Како што објавуваат медиумите, Соколов се обидувал во реката да ја скрие торбата со горните екстремитети на Анастасија Јешченко, по што полицијата во неговиот стан пронашла распарчано женско тело.

Соколов наводно и признал на полицијата дека ја убил Јешченко за време на нивна расправија, а потоа и ги отсекол главата, рацете и нозете.

Професорот Соколов е познат експерт за Наполеон, а добитник е на престижната француска награда Легија на честа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Анализите покажа метил акрилат мономер, но не во воздухот туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанци, покажаа анализите на штипскиот универзитет, по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги на метил акрилат мономер биле...

Свет22 минути

(Видео) Хаос во Хонгконг: Запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалација на насилството на...

Македонија1 час

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од...

Економија1 час

Истражување: Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра за јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 % (од максимално можни 100 %) од критериумите за транспарентност, отчетност и...

Македонија1 час

Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“, поради отсуство на поротничка која имала смртен случај. Судијата Огнен...

Европа2 часа

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница, откако полицијата го фатила како под дејство на алкохол се...

Свет3 часа

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет3 часа

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија3 часа

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Европа14 часа

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет15 часа

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија17 часа

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Македонија19 часа

Изречени 34 казни за палење стрништа

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информира дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони...

Македонија20 часа

Мицкоски: За Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на...

Македонија22 часа

Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

На заедничката пресконференција од Охрид, премиерот Зоран Заев истакна дека му е чест што на гости ги има лидерите на...

Регион22 часа

Рама: Нема оправдување зошто Косово не учествуваше во оваа иницијатива

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка...

Регион23 часа

Вучиќ: Тука не правиме Југославија, туку поквалитетен живот за нашите граѓани

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на...

Топ24 часа

Скопјанец повреден од куршум за време на грабеж на Бит Пазар

Скопјанец е тешко повреден, откако синоќа на Бит Пазар за време на грабеж на возило бил испукан куршум, кој завршил...

Свет1 ден

Лула да Силва: Трамп не е светски лидер, нека си ја гледа својата работа

Поранешниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да си ја гледа...

Свет1 ден

Иран пронајде ново нафтено поле

Иран откри ново нафтено поле на југот од земјата, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани. Како што изјави, нафтеното поле е...

Досие