Контакт

Европа

Десничарите поднесоа жалба против австриската влада

Објавено пред

Десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) поднесе кривична пријава против владата на канцеларот Себастијан Курц за злоупотреба на службената положба. Либералите ги обвинуваат сите членови на владата за кршење на австрискиот устав.  

„Од март 2020 година австриската влада управува со донесените закони и регулативи кои издаваат далекусежни забрани и препораки, а кои имаат далекусежни последици по уставните слободи. Кој не се придржува до тоа, строго е казнет “, шефот на парламентарниот клуб на ФПО, Херберт Кикл, ја објасни одлуката за поднесување на апликацијата.

ФПО смета дека е донесен целосен систем на закони со цел да се бори против епидемијата на коронавирусот, што е спротивно на Уставот. Кикл истакна дека министерот за здравство, Рудолф Аншобер, во неколку наврати ја злоупотребил својата позиција. Така, тој наведува дека неговите уредби не се опфатени со законот за Ковид-19, а исто така потсетува дека неколку уредби биле поништени од Уставниот суд.

Европа

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Објавено пред

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти Министерството за здравство.

Земјата, со 10,7 милиони жители, беше една од најтешко погодените на глобално ниво во последните неколку недели, а голем дел од регионалните болници, кои беа преплавени со пациенти од коронавирус, беа принудени дел од пациентите да ги префрлат во други болници, стотина километри подалеку, пишуваат чешките медиуми.

„Големиот број новозаразени лица со коронавирус го зголемија притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација“, соопшти министерството.

„Во некои региони, болниците ги исцрпија своите капацитети и повеќе не можат да обезбедат соодветна грижа или да примаат нови пациенти без помош на други земји“, рече во изјавата министерот за здравство.

Прикажи повеќе...

Европа

На Словенија ѝ се заканува нов бран од пандемијата со Ковид-19

Објавено пред

И покрај тоа што дозволи работа на средните училишта и најави полабава работа на угостителите, владатa во Словенија предупредува дека епидемијата се влошува.

Една година по првиот потврден случај од Ковид-19, на земјата ѝ се заканува нов бран, особено поради новите варијанти, соопштуваат надлежните.

„Нашите криви растат, можеби се соочуваме со нов бран епидемии“, рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје.

Тој изрази посебна загриженост за ширењето на британскиот вид на коронавирус, што веќе е потврден во Словенија и е доминантен во некои европски земји, како што е Чешка и Италија.

Владата во оваа земја објави дека 881 нов случај на заразени со коронавирус се потврдени во последните 24 часа, со предупредување дека бројот на потврдени инфекции на ден повторно се зголемува.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија: Oграничениот извоз на вакцини од ЕУ ја загрозува борбата против коронавирусот

Објавено пред

Велика Британија соопшти дека ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 можат да ја загрозат глобалната борба против коронавирусот.

Од таму додаваат дека очекуваат Европската Унија да ги почитува своите обврски во рамките на својата програма за вакцинирање, пишуваат бртанските медиуми.

„Глобалното закрепнување од Ковид-19 се заснова на меѓународна соработка. Сите зависиме од глобалните синџири на снабдување и поставувањето ограничувања ги загрозуваат глобалните напори за борба против вирусот”, рече портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Европската комисија ја поддржа одлуката на Италија да го блокира доставувањето на 250.000 дози на вакцината „Астразенека“ во Австралија.

„Премиерот разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно оваа година и таа потврди дека нивниот механизам е насочен кон транспарентност и дека тој нема намера да го ограничува извозот, очекуваме ЕУ да продолжи да ги почитува своите обврски “, рече портпарол на британскиот премиер.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Регион5 часа

Србија викендов делумно се затвора, рапиден скок на новозаразени од Ковид-19

Заврши седницата на кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од...

Македонија7 часа

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи...

Македонија8 часа

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија10 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија11 час

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ12 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ12 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион13 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа13 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет13 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија14 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион14 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет14 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа15 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет15 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет1 ден

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија1 ден

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет1 ден

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Досие