Контакт

Свет

Децата во Австралија од мали учат дека Грета Тунберг треба да им биде пример

Објавено пред

Австралиските училишта ги учат децата уште на осум години дека Грета Тунберг треба да биде нивниот пример за климатските промени.

Планови за предавања кои им налагаат на учениците од основните училишта да учат од климатската активистка и да ја шират нејзината порака се пронајдени на веб-страницата на Министерството за образование на Нов Јужен Велс, пренесува „Дејли телеграф“.

Неодобрениот материјал на официјалната веб-страница бил наменет за учениците од 3. до 5. одделение. Наставниот план на веб-страницата ги насочувал учениците да го учат говорот на Тунберг, да ги испитаат неговите техники и потоа да одлучат што треба да се промени.

Плановите стоеле на веб-страницата цели девет месеци пред да бидат отстранети минатата недела. Откритието предизвика брза критика од истражувачот за образование, Кевин Донели, кој го нарече материјалот „индоктринација“.

„Голем срам е што образованието веќе не е непристрасно или објективно… тука станува збор за индоктринирање на учениците“, рече тој за „Дејли телеграф“.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Берејклијан, беше прашана во понеделникот наутро како неодобрениот материјал останал на веб-страницата толку долго.

„Не знаев за тоа, но многу ми олесна бидејќи сега е отстранет“, рече таа.

Министерството за образование на Нов Јужен Велс ги отстрани плановите за предавања од својата веб-страница и почна итна истрага за тоа како дошле таму. Министерката за образование, Сара Мичел, рече дека планот за предавање бил на интерна страница.

„Овие планови за предавања не беа на веб-страницата на Министерството за образование. Но, не беа одобрени и затоа се отстранети. Ќе бидат разгледани, што мислам дека е соодветно, и побарав да се ажурираат, а тој процес е во тек“, рече таа.

Тунберг (17) претходно ги охрабри учениците да избегаат од училиште и да им се приклучат на протестите, барајќи побрза акција за климатските промени. Илјадници австралиски ученици го прифатија тоа охрабрување минатиот септември, придружувајќи се на глобалниот ден на дејствување предводен од Тунберг.

Училишниот систем во Нов Јужен Велс беше остро критикуван минатата година за време на т.н. Климатски протест зашто им дозволил на климатските активисти да индоктринираат мали деца. Илјадници ученици не беа на часови за да учествуваат на уличните протести.

Во февруари минатата година поранешниот министер за образование на Нов Јужен Велс, Роб Стокс, ги предупреди учениците и наставниците дека ќе бидат казнети ако не одат на настава за да се приклучат на климатските протести.

„Учениците треба да бидат на училиште во училишните денови“, рече тој во тоа време.

Грета Тунберг набрзо му одговори, велејќи дека на нејзините следбеници не се грижат за тоа.

„Добро. Ве слушнавме. И немаме гајле. Вашата изјава припаѓа во музеј“, објави Тунберг на Твитер профилот.

Регион

(Видео) Антивладини протести во Бугарија

Објавено пред

Илјадници граѓани, четврти ден по ред, се собраа пред претседателството во Софија во попладневните часови, барајќи оставка од Владата и јавниот обвинител.

Демонстрантите скандираа „Оставка“, а протестот течеше мирно.

Еден од присутните рече дека излегол на протестот затоа што сака „оваа корумпирана влада да падне“. Друг граѓанин изјави оти протестира бидејќи владата на Борисов е мафија, пренесе „БГНЕС“.

Незадоволен граѓанин истакна дека се појавиле многу записи со непристојни содржини и тоа е доволно добра причина за да се протестира.

Протести се одржуваат и во други градови низ Бугарија.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев синоќа во обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Бугарскиот премиер, Бојко Борисов денеска изјави дека демократски начин за преземање на власта е на избори.

Прикажи повеќе...

Свет

Еколошка катастрофа во Русија, истекле околу 45 тони гориво

Објавено пред

Рускиот производител на никел „Норилск никел” соопшти дека од неговиот цевковод на Арктикот истекле 44,5 тони гориво.

Инцидентот се случил кога дошло до пад на притисокот во цевководот за впумпување на гориво во околината на населбата Тухард.

Цевководот е затворен и се собира излеаното гориво, а производителот смирува дека нема опасност по здравјето на луѓето.

„Норилск никел” беше одговорна за инцидентот кон крајот на мај, кога 21.000 тони нафта од електраната протекоа во океанот.

Компанијата исто така призна дека исфрлила илјадници тони високо токсичен течен отпад во реките.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 11 починати и 287 новозаразени од коронавирус

Објавено пред

Според најновите податоци во изминатите 24 часа во Србија починале 11 лица, а новозаразени со ковид-19 се 287.

На распиратори моментално се наоѓаат 144 пациенти.

Бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирус во Србија достигна 393, а стапката на смртност изнесува 2,14 проценти.

Изминатите 24 часа тестирани се 4.050 луѓе, а вкупно од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се дури 491.428 лица.

Вкупниот број регистрирани случаи на вирусот во земјата е 18.360.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија10 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ10 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија11 час

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет14 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ16 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион17 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ17 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет17 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет18 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет18 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија19 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион1 ден

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ2 дена

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион2 дена

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија2 дена

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион2 дена

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија2 дена

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Досие