Европа
Децата-мигранти се загрозени од сиромаштија

Извештајот за сиромаштијата на децата на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ (ФРА) покажува дека децата-мигранти се најмногу изложени на ризик од сиромаштија.
Во сите земји-членки на ЕУ, децата-мигранти се изложени на поголем ризик од сиромаштија.
Ситуацијата е особено драстична во Австрија, каде што 86 отсто од децата со турско потекло и оние од субсахарскиот регион се изложени на ризик од сиромаштија.
Во споредба со Данска, само 38 отсто од турските деца се изложени на ризик од сиромаштија и 42 отсто во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Јункер се појави со фластер на лицето: Не обвинувајте ја Меј, оваа повреда не е од неа

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска на прес-конференција во Брисел сe појави со фластер на лицето, а како што рече пред новинарите, се исекол утрово додека се бричел.
На прес-конференцијата што се одржа по состанокот со словенечкиот претседател Борут Пахор, а во пресрет на состанокот со британската премиерка Тереза Меј, Јункер се пошегува дека е важно да се објасни зошто носи фластер за јавноста да не помисли дека повредата му ја нанела британската премиерка.
Веднаш по состанокот со Пахор, Јункер во својот кабинет ја прими Меј, објави агенцијата „Хина“.
Портпаролот на британската премиерка претходно денеска објави дека Меј ќе има детаљни разговори со претседателот на Европската комисија.
Таа од ЕУ бара дополнителни отстапки во врска со нејзиниот договор за брегзитот со надеж дека така ќе добие поддршка од длабоко поделениот британски Парламент.
Европа
Турција: Европа мора да ја промени миграциската политика

Министерот за внатрешни работи на Турција ја критикува актуелната миграциска политика на Европа и посочи дека е време таа да биде изменета.
„Миграцискиот процес има влијание врз политиката на Европа. Миграциската политика во Европа мора да подлегне на промени“, посочи Сулејман Сојлу за време на шестата министерска конференција за будимпештанскиот процес, интеррегионален форум за миграција, кој се одржува во Истанбул.
Министерот додаде дека добронамерните активности на владите во Европа се засенети од сè почестите појави на расизам и дискриминација.
„Европа мора да преземе мерки и да се бори против расизмот и дискриминацијата и мора да се приспособи на мотото ‘Интегритет во различностите’ кога ќе одговара на мигрантските прашања“, додава Сојлу.
Будимпештанскиот процес е формиран во 1993 година, а претставува форум составен од над 50 влади и голем број меѓународни организации, чија цел е развивање одржливи системи за регуларна миграција.
За време на својот говор Сојлу изјави дека ниедна ера во текот на историјата не била без феноменот на масовна миграција.
„Она што треба да го сториме е заеднички да се справиме со миграцијата наместо да ја спречуваме“, вели Сојлу.
Европа
Четворица европски пратеници приведени по упад во воздухопловна база

Четворица пратеници од Европскиот парламент беа уапсени денес поради упад во белгиска воена база за која тврдеја дека наводно крие нуклеарни оружја.
„Утринава четворица пратеници од ЕП влегоа во белгиската воздухопловна база Клајне-Брогел“, информира зелената партија во официјално соопштение.
Пратениците Моли Скот Като, Мишел Риваси, Тили Мец и Томас Вајц беа приведени кога влегоа во базата.
„Тие држеа банери и повикуваа на зони без нуклеарно оружје во Европа и симболично ја блокираа пистата од базата Ф-16 бараќи повлекување на нуклеарните бомби на САД од територијата на Европа“, се вели во соопштението.
„Нашите активности имаат цел да ја повикаат ЕУ да ги отстрани нуклеарните оружја на САД од европската територија“, вели Като, пратеник во ЕК по потекло од Британија.
Според францускиот пратеник Риваси, 20-ина нуклеарни оружја се наоѓаат во базата и претставуваат закана за јавноста.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал