Контакт

Свет

Децата се спасени, а тие се препукуваат како деца – нуркач го нападна американскиот милијардер

Објавено пред

Откако британскиот нуркач кој учествуваше во спасувањето на младинскиот фудбалски тим и нивниот тренер во Тајланд иронично коментираше за мини-подморницата на Маск што требаше да помогне во акцијата и му рече дека таа не служи за ништо, милијардерот го нарече „педофил“.

Британскиот нуркач ја разгледува можноста да поднесе тужба против Маск за навреда.

Свет

Во Москва започнаа принудните неработни денови

Објавено пред

Во Москва започнаа принудните неработни денови, кои, според претходната најава на градоначалникот Сергеј Собјанин, ќе траат речиси недела и половина за да се спречи ширењето на коронавирусот.

За време на неработните денови во градот ќе биде прекината работата на сите фирми и организации. Исклучок ќе бидат институциите кои обезбедуваат функционирање на инфраструктурата на главниот град, а од услужните дејности ќе бидат отворени само продавниците за основни производи и аптеките.

Нема да работат рестораните, кафулињата, салоните за убавина, спа и салоните за масажа, солариумите, бањите и сауните, спортските комплекси, фитнес-клубовите и базените.

Од 28 октомври до 7 ноември учениците нема да одат на училиште, ниту ќе работат градинките, но ќе се организираат дежурни групи за децата кои немаат со кого да останат дома.

Театрите и музеите ќе продолжат да примаат посетители и во неработните денови, но под услов да не бидат исполнети повеќе од 50 проценти од капацитетите.

Сепак, кината, концертните сали, местата за забава, библиотеките и циркусите ќе бидат затворени. Нема да има масовни културни, забавни, спортски, рекреативни и други активности.

Исклучок се настаните што се одржуваат со одлука на државните органи или во договор со московските институции.

Русија денеска објави 1.159 смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем број досега. Регистрирани се 40.096 нови случаи на заразени, исто така најмногу од почетокот на епидемијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Светска банка ја суспендирa помошта за Судан по државниот удар

Објавено пред

Светската банка ја суспендираше помошта за Судан, откако во понеделникот беше извршен државен удар во таа земја.

Земјата, по изолацијата од меѓународните системи за финансирање во текот на тридецениската автократија на автократот Омар ал-Башир, постигна договор со Светската банка во март и доби пристап до помош во износ од две милијарди долари.

„Многу сум загрижен поради неодамнешните настани во Судан и се плашам од драматичното влијание врз социјалното и економското закрепнување и развој на земјата“, рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, во изјавата.

Африканската унија претходно го суспендираше членството на Судан поради, како што се наведува, неуставно преземање на власта, додека САД замрзнаа 700 милиони долари помош за таа земја.

Според медиумите во светот, ненадејниот прекин на приливот на финансиска помош најверојатно ќе донесе тешки последици за нарушената економија на Судан во време кога земјата штотуку почна да застанува на нозе.

Во Судан, цивилните и воените лидери ја поделија власта во последните две години по соборувањето на Омар ал Башир.

Воениот удар и преземањето на власта дојдоа по неколкунеделни тензии меѓу воените и цивилните претставници околу темпото на транзицијата на Судан кон демократија.

Прикажи повеќе...

Свет

Индија тестираше балистичка ракета што може да ја погоди целата територија на Кина

Објавено пред

Индија соопшти дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета со нуклеарен капацитет од 5.000 километри.

Во соопштението на индиската влада се наведува дека ракетата „агни-5“, која беше лансирана од остров на истокот на земјата, била успешно тестирана.

Се додава дека ракетното тестирање било спроведено во согласност со минималната политика на одвраќање.

Се проценува дека балистичката ракета „агни-5“ може да ја погоди целата територија на Кина.

Интерконтиненталната балистичка ракета (ИЦБМ) е балистичка ракета со дострел од над 5.000 километри. Таквите проектили главно се дизајнирани да носат нуклеарно оружје, или една или повеќе нуклеарни бомби.

Неодредената гранична линија меѓу Кина и Индија, опкружена со хималајските планини, предизвикува спорови околу прашањето за суверенитетот меѓу двете земји. Границата долга 3.500 километри, која вклучува потоци, езера, глечери и снежни врвови, често доведува до тензии меѓу двете страни.

И покрај долгогодишните преговори, страните допрва треба да ги решат споровите за суверенитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Судење за „Плацеви на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацевите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова во својство на сведок во случајот „Плацеви на Водно”, посочуваше како плацевите биле купувани, но и становите на...

Свет34 минути

Во Москва започнаа принудните неработни денови

Во Москва започнаа принудните неработни денови, кои, според претходната најава на градоначалникот Сергеј Собјанин, ќе траат речиси недела и половина...

Забава2 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија2 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет3 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион4 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа4 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет15 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија20 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет22 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија1 ден

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија2 дена

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија2 дена

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Досие