Европа
Дипломат на ЕУ: Русија не може да биде запрена, а нема договор за ембаргото на руската нафта и гас

Неуспехот на земјите членки на Европската Унија да се договорат за ембарго на руската нафта покажува дека блокот ги достигнува своите граници во однос на капацитетот за дополнително воведување финансиски санкции кон Москва, изјави еден дипломат на ЕУ.
-Доколку имаше проблем со ембаргото на руската нафта, замислете што би се случило со предлогот за забрана на гасот. Седмиот пакет санкции против Москва ќе биде исклучително тежок, изјави неименуван дипломат на ЕУ за порталот Еурактив, пренесува „Раша тудеј“.
Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за предлогот за забрана на увозот на руска нафта, по повеќе од 10 дена преговори, при што Унгарија ја предводи групата земји кои се против мерката. Планираното ембарго на руската нафта беше дел од шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради конфликтот во Украина, кој беше предложен на 4 мај.
Дипломатот на ЕУ за „Еурактив“ изјави дека иако има напредок во преговорите со Унгарија за откажување од ветото за ембаргото на руската нафта, севкупната атмосфера покажа дека „направивме дури и чекор наназад“.
– Унгарија прави сè за да добие гаранции, во суштина да добие пари од Фондот за закрепнување, па дури и повеќе од тоа, додаде дипломатот.
Според него, позицијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан по ова прашање ги става другите влади во тешка позиција, бидејќи ако Будимпешта го добие она што го сака, на другите, како Бугарија, ќе им биде тешко да им објаснат на луѓето во нивната земја зошто тие не доби слични отстапки, пренесува „Раша тудеј“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Џонсон не планира да поднесе оставка: Во тешки околности, работата треба да продолжи

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе се бори да остане на власт и покрај зголемените повици да се повлече.
Позицијата на Џонсон ја разнишаа низа оставки од колеги и министри кои сметаат дека тој не е добар премиер. На неделниот распит на премиерот во парламентот пристигна со борбен став.
По оставката на повеќе од 20 функционери, некои претставници сметаат дека Џонсон не може да ги пополни тие позиции во време кога се повикува владата да одговори на растот на трошоците за живот и да ја поддржи економијата чиј раст забавува и е загрозен со рецесија. Неговата судбина би можела да биде решена најрано во среда, кога таканаречениот Комитет 1922 ќе се состане за да ги утврди правилата за гласање доверба. Портпаролот на Џонсон рече дека Џонсон верува дека ќе преживее такво гласање.
„Работата на премиерот во тешки околности е да продолжи да работи“, рече Џонсон. Претходно, тој се обиде да го покаже својот авторитет со брзо назначување на Надим Захави, популарен политичар во Конзервативната партија, кој е заслужен за брзата набавка на вакцината „Ковид-19“, за министер за финансии.
Но, настапот на Џонсон во парламентот наиде на брутален одговор, пишува Ројтерс. Тешката позиција во која се наоѓа се покажа кога некои негови колеги од власта не успеаја да се воздржат од смеење додека лидерот на опозицијата му кажа дека е лидер на „лесната бригада“.
Џонсон беше прашан за неговата оставка од тројца членови на неговата партија.
Го нападна и поранешниот министер за здравство Саџид Џавид, наведувајќи ги сите афери и гафови. „Во одреден момент треба да одлучиме дека е премногу. Тој момент е денес“, рече Џавид. Според анкетата на YouGov, 69 отсто од Британците се согласуваат со поранешниот министер.
Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.