Контакт

Свет

Директорот на „Етиопијан ерлајнс“ откри што пријавил пилотот пред трагичната несреќа

Објавено пред

Пилотот на „Етиопијан ерлајнс“ имал тешкотии со управувањето на авионот непосредно пред „боингот 737 макс 8“ да се урне на подрачјето на гратчето Бишофт, 62 километра југоисточно од Адис Абеба, рече извршниот директор на авиокомпанијата за Си-ен-ен.

На снимката од разговорот на пилотот со контолата на летање се слуша дека пилотот имал тешкотии со управувањето на авионот, па побарал да се втати назад.

„Пилотот добил дозвола да се врати на аеродромот, но набргу леталото исчезнало од радарот“, изјави извршниот директор, Теволд Гебремаријам.

Тој за Си-ен-ен рече дека сите пилоти на „Етиопијан ерлајнс“ добиле дополнителна обука за постапките за време на летот, која вклучувала и информации за процедурите воведени по падот на „737 макс 8“ од авиокомпанијата „Лајон ер“.

„Сличностите меѓу двете катастрофи се значајни“, рече Гебремаријам.

„Во двата случаја се работеше за нови модели од истиот авион, и двата лета траеа само неколку минути пред авионите да се урнат“, констатира тој.

Портпарол на „Етиопијан ерлајнс“ во врска со случајот денеска изјави дека црната кутија од авионот што се урна во неделата ќе биде испратена на анализа во странство, но и натаму не е одлучено во која земја.

Портпаролот за агенцијата АП изјавил дека Етиопија нема капацитет да ги анализира снимките од последните летачки параметри, но дека компанијата има широк спектар на опции каде да ја испрати кутијата.

Во последните шест месеци два авиона „боинг 737 макс 8“ се урнаа набргу по полетувањето. Во авионската несреќа што се случи на 10 март авион од овој тип по полетувањето од Адис Абеба се урна, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, а во октомври минатата година „боинг“ на компанијата „Лајон ер“ се урна во Јаванското Море, при што загинаа 189 лица.

Регион

Протестот во Белград вечерва започна со минута молк за жртвите од бомбардирањето

Објавено пред

Нов протест „1 од 5 милиони“ започна вечерва во Белград под слоганот „Исто место – исти барања“.

Како што пренесува агенцијата „Танјуг“, протестот започнал со интонација на српската химна и минута молчење за жртвите од НАТО-бомбардирањето во 1999 година. Во Србија деновиве се во знакот на 20-годишнината од овие воени дејствија кои започнаа на 24 март 1999 година.

На платото пред Филозофскиот факултет во Белград, најпрво пред толпата демонстранти се обрати актерот Бранислав Лечиќ, кој ја повика толпата на мирен протест и побара да не се наседнува на евентуални провокации.

Најтензично досега на протестите „1 од 5 милиони“ беше минатиот викенд кога поголем дел од демонстрантите упаднаа во просториите на Радио-телевизија Србија каде бараа да им се дозволи да се обратат во централниот Дневник. Сепак, организаторите не успеаја во намерата, а интервенираше полицијата која демонстрантите ги изнесе надвор од зградата на РТС.

Ден потоа, во неделата, во врска со овие настани се обрати српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој го осуди насилството. Додека тој се обраќаше од просториите на Претседателството, демонстранти го опколија објектот во намера да го спречат да замине од таму. На крајот, Вучиќ сепак успеа да го напушти Претседателството без да дојде до посериозен инцидент.

Протестите под слоганот „1 од 5 милиони“ започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ. Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател ја спроведува власта.

Тие претставуваат најдолготрајни масовни антивладини демонстрации во Србија од времето на петто-октомвриските промени во 2000 година.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Свештеник од Канада прободен при телевизиски пренос на богослужба

Објавено пред

Канадскиот свештеник Клод Гру бил прободен неколку пати со нож, за време на утринска миса во црква во Монтреал.

Нападот е снимен бидејќи богослужбата се пренесувала на локален католички телевизиски канал.

Во еден момент, видно гневен маж му се приближува на свештеникот односно почнува да трча по истиот. Иако Гру забележа дека нешто не е во ред и почна да бега, не успеа да му побегне на напаѓачот кој го прободел неколку пати. Во тие моменти, многу верници се разбегаа во паника. Свештеникот бил префрлен во болница каде што му биле констатирани помали повреди во горниот дел од телото, пишува британски „Мирор“.

Напаѓачот е во притвор, но сè уште не е познато зошто тој се одлучил на ваков потег.

„Напаѓачот беше многу решителен во својата намера. Не извика ништо, не кажа ништо, туку само го извлече ножот“, раскажал еден од сведоците на инцидентот кој се случил во петокот во капелата „Свети Јосиф“.

Прикажи повеќе...

Европа

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Објавено пред

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите на движењето „жолти елеци“ против политиките на владата на Емануел Макрон.

Како што информира порталот „Индекс.хр“, во главниот град биле уапсени вкупно 31 лице, а апсења имало и во јужниот дел на Франција.

Полицијата фрлила солзавец кон демонстрантите во близина на булеварот Стразбур и железничките станици во северниот и источниот дел на Париз, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

До конфликтни ситуации дошло и во градот Лил во северниот дел на државата, како и во Тулуз и Монпелје на југ.

Владата започна операција „Сентинел“ и ангажира воени трупи, бидејќи минатиот викенд демонстрантите демолираа и ограбија продавници на Шанзелизе во Париз. Исто така, како една од мерките за зголемана безбедност при протестите на „жолтите елеци“, на демонстрантите им е забранет пристапот до најпознатата париска авенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ3 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ4 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија4 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ6 часа

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет8 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет8 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет9 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет10 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет10 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет24 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија1 ден

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија1 ден

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20191 ден

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ1 ден

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион1 ден

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион1 ден

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Досие