Свет
Директорот на Институтот „Гамалеја“: „Спутник В“ штити и од британскиот и од јужноафриканскиот вид

Руската вакцина против коронавирусот, „спутник В“, штити од новите видови од Велика Британија и Јужна Африка, изјави денеска Александар Гинцбург, директор на Институтот за истражување „Гамалеја“.
„Вакцината е тестирана против британскиот вид – 100 проценти заштитува. Исто така, штити од јужноафриканскиот вид и ние продолжуваме да ја проучуваме“, рече Гинцбург.
Мутантните форми на вирусот од Велика Британија, Јужна Африка и од Бразил претходно предизвикаа загриженост во целиот свет за време на новиот бран на пандемијата во многу земји.
„Спутник В“ беше регистрирана за употреба во Русија во август минатата година, а досега оваа вакцина е одобрена во 58 земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Данска ги одби дозволите за престој на сириските бегалци, реагираа од ООН

Данска стана првата европска земја што ги одби дозволите за престој на сириските бегалци. Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод сугерираше дека, иако граѓанската војна сè уште трае во многу делови на Сирија, постојат делови од земјата каде што ситуацијата е поинаква. ООН и Амнести интернешнл не се согласуваат со одлуката на данските власти.
Во последниве недели, 94 Сиријци беа информирани дека ќе им биде одземена дозволата за престој во Данска. Многу други се очекува да ја добијат истата порака во иднина.
„Сè уште има граѓанска војна на многу места во Сирија, но има делови од земјата каде што ситуацијата е поинаква“, рече данскиот министер за надворешни работи за весникот „Политикен“.
Данските власти веруваат дека тие области, вклучително и урбаната област околу Дамаск, се безбедни.Кофод објасни дека бегалците кои доброволно ќе се вратат ќе добијат финансиска поддршка и со тоа ќе избегнат присилна депортација. Сумата што досега бегалците ја добиваа со доброволно заминување се движеше помеѓу 16.000 и 32.000 долари.
Според Кофод, идејата е Сиријците кои ќе се вратат во својата татковина да помогнат во обновата на земјата. Неговото лично верување е дека тоа на крајот може да резултира со „оставка“ на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Сепак, плановите за одземање на дозволите за привремен престој на сириските бегалци наидоа на противење и критики од страна на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), кој инсистира дека областите за враќање не се доволно безбедни.
„Враќањето претпоставува дека условите се постојано стабилни. Не можеме да го видиме тоа никаде во Сирија “, изјави за весникот „Информацион“ портпаролката на УНХЦР во Данска, Елизабет Хаслунд.
Потегот на Данска предизвика слични забелешки од Амнести интернешнл, кој истакна дека Сиријците што се враќаат може да бидат во опасност од сериозно кршење на човековите права. Сепак, заканата за присилна депортација сè уште не е спроведена, бидејќи Данска во моментов нема договор со сириските власти.
Регион
Грција се огласи по најавата дека ќе го признае Косово

Позицијата на Грција да не ја признава независноста на Косово е добро позната и останува непроменета, изјави грчкиот амбасадор во Србија, Јоргос Џaкофотакис, за Танјуг.
Тој ги коментираше очекувањата на аналитичарите за надворешна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер дека Грција ќе ја смени својата позиција и веројатно ќе го признае Косово.
„ Во принцип, ние не ги коментираме мислењата на аналитичарите, грчката позиција за непризнавање на Косово е добро позната и останува непроменета“, се вели во писмениот одговор на грчкиот амбасадор Џакофотакис, кој беше испратен до Танјуг од неговата прес-служба.
Филипс и Даниел Сервер за РТВ „Дукаѓини“ изјавија дека не очекуваат петте земји од Европската унија што не го признаа Косово да ги сменат своите позиции, освен Грција.
„ Грција е многу веројатно да го признае Косово. Ѕидот што беше создаден од фактот дека пет земји не го признаа Косово наскоро ќе започне да се руши, кога Грција или некоја друга земја ќе одлучи да го признае Косово“, рече Филипс.
Филипс и Сервер исто така сметаат дека позициите на петте земји-членки на ЕУ треба да се видат по завршувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Свет
Путин се ревакцинираше, но сè уште не се знае со која вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин ја прими втората доза на вакцината против Ковид-19.
„Сакам да ве известам дека во моментов, пред да влезам во оваа просторија, ја примив и втората вакцина. Се надевам дека сè ќе биде добро. Дури и се надевам, сигурен сум во тоа”, рече Путин во претседателството на Руското географско друштво.
Рускиот претседател Владимир Путин ја прими првата доза на вакцината против Ковид-19 на 23 март, но не беше соопштено која вакцина ја примил рускиот претседател.
Вакцинацијата стави крај на повеќемесечните шпекулации за тоа дали тој веќе ја примил вакцината и дали ќе го стори тоа. И пред и по вакцинацијата, Кремљ одби да открие која вакцина ја примил Путин, истакнувајќи дека Русија има три опции од домашно производство.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш