Свет
СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци
Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на тестирање, од Светската здравствена организација доаѓаат шокантни вести.
„Нема чудотворен лек за коронавирусот, а можеби и никогаш нема да го има“, ја предупреди јавноста генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.
Како што пренесува „Ројтерс“, тој објаснил дека постои голема загриженост дека нема да имаме вакцина што функционира, односно дека би можеле да ја имаме онаа што би обезбедила заштита само неколку месеци, а не подолго.
„Неколку вакцини сега се во третата фаза на тестирање и искрено се надеваме дека ќе имаме вакцини што ќе може да го спречат заразувањето на луѓето. Сепак, засега немаме магичен лек“, објасни првиот човек на СЗО.
Тој препорача понатамошна секојдневна борба против Ковид-19, носење маски, одржување растојание, како и сите претходно обелоденети мерки.
„Некои земји се борат со овој вирус со помал, а некои со поголем успех. Пред нас е долга борба“, заврши Гебрејесус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко помилува 29 лица кои, како што се наведува, извршиле екстремистички злосторства, соопшти денеска неговиот кабинет.
„Сите тие се покајале за својата постапка и испратиле барање до претседателот на државата за помилување. Се работи за 11 жени и 18 мажи“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Белта.
Според извештаите, меѓу нив има шест лица помлади од 25 години, тројца пензионери, двајца инвалиди и 15 хронични пациенти.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.