Контакт

Свет

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Објавено пред

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите, состанокот, кој е подготовка за директни разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким, се одржал околу 1 април, изјавиле неименувани официјални претставници.

Трамп претходно алудира на директни разговори на високо ниво со Пјонгјанг. Но, овој неочекуван и таен состанок ќе го одбележи највисокото ниво на американскиот контакт со Северна Кореја од 2000 година.

„Имавме директни разговори на екстремно високо ниво“, изјавил Трамп од Флорида, каде што е домаќин на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Претседателот додал дека тој дал свој благослов за разговорите меѓу Југот и Северот за да разговараат за мировен договор.

Јужна Кореја исто така сигнализира дека може да продолжи со формалното решавање на конфликтот. Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, треба да се состанат кон крајот на април.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бројот на мртви од ебола во Конго се зголеми на 26

Објавено пред

Од

Уште едно лице почина од ебола во Конго, со што бројот на мртви од епидемијата се зголеми на 26, соопшти денеска тамошното министерството за здравство.

Министерството соопшти дека се потврдени четири нови случаи на инфекција. Од почетокот на мај, кога епидемијата избувна во северозападниот дел на Конго, забележани се 46 можни случаи на ебола, од кои 21 се веќе сигурно потврдени, а кај четири лица постојат сериозни показатели дека станува збор за тој вирус.

Претседателот на Конго, Џозеф Кабила и неговата влада вчера се согласија да ги зголемат средствата за итна реакција против еболата, кои сега изнесуваат повеќе од четири милиони долари. Владата одлучи да даде бесплатна здравствена заштита во погодените области и да обезбеди посебна грижа за сите жртви од ебола и нивните роднини.

Ширењето на смртоносниот вирус од руралните области кон градот Мбандака со повеќе од еден милион жители, ги зголеми стравувањата за епидемија во густо населените урбани области. Со цел да се ​​запре епидемијата ќе се користи нова експериментална вакцина, која се уште е во фаза на тестирање, но се покажа како ефикасна при епидемијата во Западна Африка, пред неколку години.

Вакцинацијата се очекува да започне следнава недела. Во Конго има повеќе од 4.000 дози од вакцината, а на пат кон земјата се дополнителни количини од овој експериментален лек.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Ердоган пристигна во Сараево, поддржувачи доаѓаат од сите страни

Објавено пред

Од

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пристигна за Сараево, каде што ќе присуствува во работна посета. Претходно, во Сараево стигнаа и првите автобуси со турски државјани кои ќе присуствуваат на денешниот митинг што ќе го одржи турскиот претседател.

Станува збор за Турци од Западна Европа, главно од Германија и Холандија. Тие се првите гости во Сараево од очекуваните 15.000 за кои е најавено дека ќе присуствуваат на митингот.

Нивното доаѓање го обезбедуваат полициски тимови на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, вклучително и специјални единици. На сараевските улици од рано утрово се присутни зголемен број на полицајци, кои се распредени низ целиот град.

Полициските службеници ги обезбедуваат крстосниците на главните градски улици како и автобуските и трамвајски постојки, но и просторот околу државните институции.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево изјави дека на терен ќе бидат ангажирани доволен број на полицајци и дека организаторите на јавнот собир во салата „Зетра“ ги презеле сите наложени мерки за безбедност. Безбедносните мерки во Сараево се зголемени на највисоко ниво, особено по информациите кои се појавија за наводна закана за атентат врз Ердоган.

Ердоган во Сараево ќе одржи предизборен митинг по повод предвремените избори во Турција закажани за 24 јуни.

Прикажи повеќе...

Европа

Европа, Русија и Кина подготвуваат нов договор за Иран

Објавено пред

Од

Дипломатите од Европа, Кина и Русија ќе разговараат за нов договор со кој на Иран ќе му биде понудена финансиска помош во замена за запирање на развојот на балистички проектили и мешање во политиката во регионот. Ваквата постапка е покрената со надеж дека ќе се спаси нуклеарниот договор од 2015 година, пренесуваат германските медиуми.

Според информациите, претставниците ќе се состанат во Виена следната недела, под водство на високиот дипломат на Европската унија, Хелга Шмид, со цел да разговараат за следните чекори по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за повлекување од нуклеарниот договор со Иран, донесена на 8 мај.

На средбата ќе присуствуваат дипломати од Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, но САД нема да имаат свој претставник. Засега не е јасно дали на средбата ќе има ирански претставници.

Според договорот од 2015 година, Иран ја запре својата нуклеарна програма во замена за укинување на повеќе санкции од Западот. Една од главните забелешки на администрацијата на Трамп е дека со договорот не се опфатени иранската ракетна програма и поддршката која земјата ја дава на вооружените групи на Блискиот Исток, кои западните земји ги сметаат за терористи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во четврток нова средба за името со медијаторот Нимиц во Њујорк

Во четврток и петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира...

Македонија2 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија3 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија7 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија9 часа

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија1 ден

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија1 ден

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија1 ден

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија1 ден

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија1 ден

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет1 ден

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет1 ден

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија2 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура2 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Македонија2 дена

Од Владата не коментираат за Република Илинденска Македонија

Република Илинденска Македонија неофицијално е последниот предлог за решение на спорот за името за кој вчера во Софија дискутирале премиерите...

Македонија2 дена

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на...

Македонија2 дена

Јанушев: Итна лидерска средба за името, Заев да каже кои се опциите што ги договорил со Ципрас

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изминатите денови неколкупати јавно побарале од премиерот Заев одржување лидерска средба во врска со името, но...

Македонија2 дена

Каракачанов: Едно од можните решенија е Илинденска Македонија

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија кое било договорено вчера меѓу премиерите на Македонија и Грција. Слушнав...

Досие