Контакт

Свет

Добиле шест пати поголема доза на „Фајзер“ од дозволеното, 77 затвореници во Америка под надзор

Објавено пред

Во затворот во сојузната држава Ајова, 77 затвореници се под надзор поради несакани реакции откако ненамерно им е инјектирана шест пати поголема доза од нормалната од вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“.

Две медицински сестри во затворот Форт Медисон во Ајова погрешно ја примениле вакцината, се вели во соопштението од затворот.

Инцидентот се случи во вторникот, што довело до прекинување на вакцинацијата во затворот.

Портпаролот на казнено-поправниот дом во Ајова, Корд Овертон, изјави дека повеќето затвореници кои примиле поголема доза на вакцина имале симптоми слични на оние поврзани со нормалните дози на вакцината, како што се болка во рацете и телото. Најмалку еден затвореник добил треска.

Затворските службеници побарале упатства од експертите од Центрите за контрола и превенција на болести, Фајзер и Универзитетот во Ајова, кои препорачуваат затворениците да се следат најмалку 48 часа.

Мајка на еден затвореник изјавила дека нејзиниот син и другите затвореници имале бројни несакани ефекти, како што се гадење и сериозна дехидрација.

Вакцината од компанијата „Фајзер/Бионтек“ се транспортира и чува во замрзната состојба и е спакувана во концентрирана форма, па се разредува со физиолошки раствор пред да се даде на пациентите, велат надлежните.

Државните службеници не дадоа конкретно објаснување за начинот на предозирање на затворениците, но можно е вакцините да биле дадени без разредување, пишуваат тамошните медиуми.

Регион

Од утре бесплатни ПЦР-тестови за туристите во Црна Гора

Објавено пред

Министерството за здравство на Црна Гора го извести Институтот за јавно здравје и сите здравствени домови дека од утре ќе се прават бесплатни ПЦР-тестови за туристите на кои им е потребен овој тест за да се вратат во своите матични земји, соопшти владиниот оддел.

Министерството од денес ги ублажи мерките што се спроведуваат со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови, либерализирани мерки со кои ќе се укине забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти ќе се помести за еден час и е дозволен од 19:00 до 22:00 часот.

Прикажи повеќе...

Свет

Напаѓачот имал импровизирана бомба, денес ден на жалост во Казан поради масакрот во училиштето

Објавено пред

Бројот на жртвите во вчерашното пукање во училиштето во Казан се зголеми на 9, додека бројот на повредени се зголеми на 23, соопшти денеска претседателот на руската република Татарстан, Рустам Миниханов.

Потпретседателот на Владата на Република Татарстан, Леила Фазлеева, на прес-конференцијата рече дека во моментов се хоспитализирани 23 лица, од кои 20 се деца, а три се возрасни. Меѓу нив има и такви кои се во тешка состојба, додека кај тројца состојбата полека се стабилизира.

„Напаѓачот на училиштето во рускиот град Казан активираше импровизирана експлозивна направа“, рече руската народна правобранителка за правата на децата, Ана Кузнецова.

Руската истражна комисија вчера ги отфрли извештаите на медиумите дека експлозивната направа била поставена во училиштето, меѓутоа, портпаролот на Комисијата, Светлана Петренко, изјави дека напаѓачот активирал импровизирана бомба при влегување во училиштето.

„Напаѓачот донел експлозивна направа и таа експлодирала. Сега, кога го видовме местото на трагедијата, сфативме дека сè можеше да биде многу полошо“, рече Кузнецова и додаде дека детонацијата ги уништила тоалетите во училиштето и некои други простории, но во тоа време немало деца во близина.

Таа рече дека оваа трагедија укажува на потребата од зајакнување на безбедносните мерки во училиштата и нивно почитување и одржување.

„Ова е прва мерка што мора да се донесе едногласно без никаква дискусија. За жал, утврдено е дека од 1.800 објекти што мора да бидат заштитени, само 1.600 спроведуваат соодветни безбедносни мерки“, рече таа.

Поранешен ученик на гимназијата број 175 во Казан, матурант, отвори оган во вторникот во неговото поранешно училиште и уби девет лица, од кои седум деца. Повредени се 23 лица. Сторителот е во притвор, а 12 мај е прогласен за ден на жалост во Татарстан. Претходно беше објавено дека се убиени 11 лица. Руската истражна комисија отвори истрага за масовното убиство.

Прикажи повеќе...

Свет

Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е исклучително висока, покажаа новите резултати

Објавено пред

„Вакцината против коронавирусот на кинескиот производител ‘Синовак бионтек’ ефикасно спречува смрт во 98 проценти од случаите и спречува хоспитализација во 96 проценти“, изјави денеска официјален претставник на Министерството за здравство на Индонезија.

Тоа беше утврдено со анализа на индонезиски научници, пренесува „Ројтерс“.

Прелиминарната студија е направена врз основа на податоците за здравствената заштита на работниците во Џакарта, кои ја примиле вакцината „коронавак“ во периодот од јануари до март оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија3 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа3 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа3 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет4 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет5 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија16 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија20 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија20 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија22 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија23 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија24 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие