Контакт

Свет

Доживотен затвор за тинејџерот од САД што му ја отсече главата на пријателот

Објавено пред

Метју Борхес (18), тинејџер од Масачусетс кој пред три години го уби својот пријател, исто така тинејџер, доби доживотна затворска казна, според Си-ен-ен.

Телото на несреќниот Ли Мануел Вилорија-Полина беше откриено на бреговите на реката Меримак во декември 2016 година, а пронајденото тело немаше раце и глава.

Судијката Хелен Казањиан изрече две доживотни казни за Метју Борхес од Лоренс. Пресудата беше донесена за помалку од два месеца откако Метју беше прогласен за виновен за убиство од прв степен. За време на судењето, обвинителството откри дека убиството е извршено поради љубомора.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Велика Британија ќе ги прими децата на свои државјани кои загинале како борци на ИД

Објавено пред

Велика Британија одлучи да ги прими децата на британските државјани кои загинаа борејќи се на страната на Исламска држава во Сирија.
„Им дозволивме да се вратат дома, бидејќи тоа е исправно“, изјави шефот на британската дипломатија Доминик Раб. На децата ќе им биде потребна поддршка за да се вратат во нормален живот.
Според Раб, станува збор за недолжни деца, сираци, никогаш не смееја да бидат изложени на воените ужаси. Имињата на децата не се откриваат од безбедносни причини. Тие ќе бидат првите британски државјани кои ќе бидат вратени во Велика Британија од подрачјата што претходно беа под контрола на ИД.Во камповите во Сирија има и 25 жени државјанки на Велика Британија и околу 60 деца, од кои поголемиот број се помлади од пет години.
Прикажи повеќе...

Регион

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

Објавено пред

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари издавал доверливи податоци, објави „Новости“.

Безбедносните служби, исто така, проверуваат дали во случајот освен Русинот Георгиј Клебан, инаку поранешен заменик на военото аташе во руската амбасада во Белград, и З.К. се вмешани и други лица.

Според пишувањата на „Новости“, ова видео кое е направено лани во Земун, не е единственото во кое го има потполковникот.

Зад објавувањето на снимката застана бугарскиот новинар Христо Грозев, на Запад познат како „борец за вистината за штетното руско разузнавачко делување“, кој дал и објаснување за средбата на снимката.

„Посебен зачин во случајот, покрај биографијата на проамериканскиот бугарски новинар, дава и сознанието дека видеото во јавност го пуштила романската разузнавачка служба, која важи за една од европските испостави на американските разузнавачи“, пишува „Новости“.

Според весникот, тоа дава сомнеж дека аферата потекнува од Западот, и дека нејзина цел е да ја разниша соработката, пред сè одбранбената, меѓу Русија и Србија, како и воената неутралност на Србија.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како руски разузнавач, наводно, му дава пари на високопозициониран српски службеник. Автентичноста на снимката и идентитетот на рускиот агент го потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот, покажуваат податоците објавени во најновиот извештај „Загадување на воздухот и здравјето на луѓето: Случајот на Западен Балкан“.

Одделот за животна средина на ООН заклучи дека жителите на Западен Балкан во просек губат 1,3 година од својот живот поради загадување затоа што честичките од прав, саѓи и чад се поврзани со кардиоваскуларните заболувања, кои се пет пати почести од просекот.

Овие алармантни и предупредувачки податоци во БиХ се вест само за еден или два дена, пишува Avaz.ba. Надлежните институции не ја вршат својата работа и сè е оставено на статистиката.

Во Зеница, Лукавац и Тузла не е важно која сезона е, таму загадувањето на воздухот е константно и е последица на индустријата во овие градови.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион37 минути

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет2 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет2 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија4 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија4 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија14 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија16 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија17 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија19 часа

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија19 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија22 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија23 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија1 ден

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија1 ден

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија1 ден

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет1 ден

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет1 ден

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија1 ден

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Досие