Европа
Дополнително зајакнати мерките за затворање во Шангај поради коронавирусот

Шангај, најнаселениот град во Кина, денеска ја интензивира првата фаза од затворањето поради ширењето на коронавирусот.
На жителите им беше наредено да останат во карантин, освен ако не се тестираат, бидејќи бројот на дневни случаи надмина 4.400. Претставник на општинската здравствена комисија денеска на брифинг со новинарите изјави дека заклучените жители не треба да ги напуштаат своите домови, па дури и да не ги носат своите миленици на прошетка или да фрлаат ѓубре, пренесува „Ројтерс“.
Населението на кинескиот финансиски центар, дом на 26 милиони луѓе, е затворен веќе два дена. Локалните власти го спроведуваат затворањето така што го делат градот грубо по реката Хуангпу одвојувајќи го историскиот центар од источната деловна и индустриска област Пудонг за да се овозможи постепено тестирање.
Властите соопштија дека здравствениот тим од 17.000 члена од Шангај и околните региони поставиле 6.300 станици и извршиле вкупно 8,26 милиони тестови во затворени градски области. Жителите источно од Хуангпу првично беа затворени во станбени комплекси во понеделникот, но генерално им беше дозволено да се движат наоколу.
Сепак, во вторникот двајца станари за „Ројтерс“ изјавија дека одборите на соседството ги информирале оти повеќе не им е дозволено да го преминат прагот. Иако бројот на позитивни во Шангај, според светски стандарди, останува скромен, поради рекордните 4.381 асимптоматски и 96 симптоматски случаи на 28 март, градот стана полигон за тестирање за стратегија за нулта толеранција на Ковид-19 бидејќи се бори со високозаразниот сој омикрон.
Снимките од дрон објавени од кинеските државни медиуми покажуваат напуштени улици околу облакодерите во финансискиот дел на градот, јавниот превоз на исток е затворен, а на сите возила без посебна дозвола им е забранет пристапот до патиштата, според „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.