Свет
Дојава за бомба во руски авион што слета на аеордомот „Џон Кенеди“ во Њујорк

Њујоркшката полиција не потврдила присуство на експлозивна направа во авион на руската компанија „Аерофлот“, кој вчера на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ слета од Москва.
Аеродромската служба претходно добила дојава за наводна закана за експлозивна направа во авионот на „Аерофлот“ – „су 102“, кој слетал доцна синоќа на аеродромот, соопшти портпаролот н аеродромот.
Кога патниците го напуштиле авионот, полицијата детаљно го пребарала авионот и не нашла ништо. Аеродромот е отворен, но неколку лета морало да бидат привремено одложени поради истрагата.
Во извештајот се наведува дека авионот, кој долетал од Москва, бил под истрага, па сите патници и нивниот багаж биле детаљно проверени.
Управата на аеродромот на „Твитер“ напиша дека поради инцидентот, патниците ќе мора да бидат дополнително проверени и полицијата ќе испрати уште припадници за да го обезбеди аеродромот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на 20 јануари, пренесе „Ројтерс“.
Трамп, кој веќе соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрјуз во близина на Вашингтон, во која е стациониран претседателскиот авион „ер форс уан“.
Според извори на „Ројтерс“, тој потоа ќе отпатува во Палм Бич на Флорида, во својот клуб Мар-а-Лаго.
Свет
Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за здравство предупреди дека епидемиолошката состојба се влошува.
Новата наредба го продолжува полицискиот час од 22 до 5 часот наутро до 5 март, а системот на зони останува во сила, со што се делат 20 италијански региони на разни нивоа на инфекција.
Спортските сали и базените ќе останат затворени во цела Италија, а продажбата на храна нема да биде дозволена по 18 часот, пренесува „Гардијан“.
Со указот се продолжува забраната за движење меѓу регионите до 15 февруари, а граѓаните ќе може да патуваат само поради работа, здравје или други итни случаи.
Скијачките центри остануваат затворени до 15 февруари.
Владата најави дека повеќето мерки ќе бидат укинати во региони каде што стапките на инфекции се доволно ниски.
Свет
Толпата во Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, тврдат обвинителите

Федералните обвинители на САД во поднесокот до судот тврдат дека толпата што упадна во зградата на Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, пренесува „Гардијан“.
Тужителите ја направија таа процена во поднесокот до судот со кој се бараше притвор за Џејкоб Ченсли, снимен во зградата на Капитол со рогови на главата.
Барањето за притвор, напишано од обвинителите во Аризона, детаљно наведува што направил Ченсли во Капитол. Меѓу другото, се наведува дека тој му оставил порака на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во која гласи: „Правдата доаѓа, прашање на време е“.
„Силните докази, кои ги вклучуваат зборовите и постапките на Ченсли во Капитол, ја поддржуваат тезата дека демонстрантите сакале да ги фатат и убијат избраните американски службеници“, се вели во поднесокот.
Чансли треба да се појави на суд в понеделник, а неговиот полномошник по службена должност не даде коментар за поднесокот.
Обвинителите и федералните агенти поведуваат посериозни обвиненија за насилство во Капитол, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на примерот на пензионираниот пожарникар Роберт Санфорд, кој фрлил апарат за гаснење пожар во главата на еден од полицајците, и Питер Стагер, кој е обвинет за удирање друг офицер со стап, на кој имало американско знаме.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира