Европа
„Дојче веле“: Денешниот самит на ЕУ носи многу неволји за европските лидери

Дури и без драмата за брегзитот, која ќе биде централна тема за лидерите на земјите од ЕУ, на самитот, кој се одржува денеска и утре во Брисел, ова ќе биде многу необичен состанок, оценува „Дојче веле“.
Германската медиумска куќа како една од најважните споредни работи на самиотот ги истакнува проблемите во кои може да западне францускиот претседател, Емануел Макрон, во врска со проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.
Според најавите, канцеларката Ангела Меркел силно ќе се заложи да се одобри почеток на пристапни преговори со Скопје и Тирана.
Макрон одбива да го стори тоа придржувајќи се кон формулата што ја повторуваше и во минатото – првин ЕУ да ги реши своите проблеми, а потоа можеби и проширување.
Официјален Париз беше непоколеблив за време на подготвителниот министерски состанок пред овој самит, иако речиси сите други членки на ЕУ, како и Европската комисија и Парламентот, веруваат дека се исполнети условите Албанија и Северна Македонија да ги почнат преговорите.
Покрај овие сериозни проблеми, на самитот би можело да настанат жестоки полемики и во врска со парите на Унијата. ЕУ треба да донесе нов седумгодишен буџет (2021-2027). Германија, која е една од најголемите нето-придонесувачи во буџетот на ЕУ, бара буџетот да не надминува еден процент од БДП на Унијата. Франција сака ваквиот индекс да оди до 1,03 процент, а ЕК до 1,13 процент.
Зад овие децимали стојат милијарди евра што Германците би сакале да ги насочат кон штедење. Во однос на празнината во буџетот што ќе настане кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ – Берлин предлага да се затегне ременот.
Нема ни согласнот за тоа за што да би се трошеле парите. Франција не сака да ги намали субвенциите за земјоделците, што традиционално е најголем трошок од буџетот на ЕУ.
Германија, од друга страна, зборува за иновации, трошоци за миграција и инвестиции за иднината.
Европските лидери како и обично работата треба да ја завршат до петок попладне. Но, постои можност набргу повторно да се сретнат. Доколку нешто се придвижи во врска со брегзитот, можен е посебен самит на ЕУ до крајот на месецот со цел да се склучи нов договор, констатира „Дојче веле“ во својата анализа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Земјите од Е3 сериозно загрижени поради најавите на Иран

Велика Британија, Франција и Германија, кои ја сочинуваат безбедносната група на европски сили, позната како Е3, денес изразија загриженост поради последните најави на Иран дека ќе продолжи да го збогатува ураниумот до 60 проценти чистота.
„Владите на Франција, Германија и Велика Британија (Е3) се сериозно загрижени поради најавата на Иран до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека ќе започне со збогатување на ураниумот до 60 проценти“, се вели во официјалното соопштение на Е3.
Агенцијата наведува дека групата Е3 смета дека тоа претставува сериозен развој на настаните во безбедносна смисла, бидејќи производството на високо збогатен ураниум е важен чекор во производството на нуклеарно оружје и дека Иран нема веродостојна цивилна потреба од збогатување ураниум на тоа ниво.
МААЕ на 13 април потврди дека добило известување од Иран за намерата да започне со збогатување на ураниум до 60 проценти во фабриката во Натанц.
Европа
Данска трајно ја прекинува вакцинацијата со „aстра зенека“

Данска целосно ќе престане да ја користи вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 поради можна причинско-последична поврзаност помеѓу таа вакцина и формирање згрутчување на крвта, пишуваат денес повеќе дански медиуми повикувајќи се на неименувани извори.
Таквиот потег ќе предизвика одложувања во кампањата за вакцинација во таа земја, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, Европската комисија објави дека нема да ги обнови договорите за вакцини со компаниите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за в година и дека официјален Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија mRNA, како што се „Фајзер“ и „Модерна“.
Европа
Европската комисија: Ги држиме сите опции отворени во справување со пандемијата на Ковид-19

Европската комисија ќе ги држи отворени сите опции со цел да се подготви за следните фази на пандемијата на Ковид-19 по 2022 година, изјави портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер.
Ова е одоговорот на Брисел во врска со наводите во медиумите дека Европската комисија одлучи да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и Џонсон“ за в година.
Во исто време додаваат дека нема да коментираат конкретни прашања во врска со договорите.
Од почетокот на спроведувањето на стратегијата за вакцинација, ЕУ има проблеми со испораките на договорените вакцини на компанијата „Астра зенека“.
Проблемите на Брисел со вакцината на компанијата продолжија и по отворањето на истрагата за формирање тромби како можен несакан ефект од вакцината на „Астра зенека“, анализираат медиумите.
Од друга страна, испораката на вакцини од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во ЕУ беше запрена од првиот ден од страна на производителите поради индикации за формирање тромби како можен несакан ефект од вакцината.
Претходно, Комисијата процени дека 55 милиони дози од вакцините на „Џонсон и Џонсон“, кои требаше да бидат доставени до ЕУ во вториот квартал од 2021 година, ќе ја забрзаат вакцинацијата во земјите членки забавувајќи го, меѓу другото, проблемот со вакцината на „Астра зенека“.
Покрај вакцините на компаниите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, во официјалната европска стратегија за вакцинирање се користат и вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерена“.
ЕК проценува дека во периодот од 2022 година ќе им бидат потребни дополнителни две милијарди дози вакцини со цел да се соочат со следните фази на пандемијата на коронавирусот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш