Контакт

Европа

Драматичен апел на германските научници: Политичари, итно направете нешто

Објавено пред

Германија со недели се бори со третиот бран од пандемијата на коронавирусот и досега може да се каже дека не ја добива битката. Ова е потврдено со најновите драматични апели на водечките германски научници Кристијан Карагијанидис и Кристијан Дростен.

Според германските медиуми, веќе неколку недели сѐ повеќе и повеќе пациенти со Ковид-19 се префрлаат на одделенијата за интензивна нега во цела Германија, а слободни болнички кревети има сѐ помалку.

„Ве молиме, конечно, да дејствувате“, драматично преку „Твитер“ ги замоли германските власти Кристијан Карагијанидис, научен директор на Регистарот за интензивна нега „Диви“.

Во апелот веднаш му се придружи и водечкиот германски виролог Кристијан Дростен, кој го опиша барањето на Карагијанидис како итен повик за помош.

Во германските градови, како Бон, Бремен и Келн, едвај има слободни кревети за пациенти што претрпеле тежок срцев удар или сообраќајна несреќа, но и за пациенти заразени од коронавирус.

„Почитувани политичари, колку повеќе треба да се зголемат бројките пред да одлучите конечно да реагирате?“, запраша Карагијанидис на „Твитер“ за што потоа објавија голем број германски медиуми.

Европа

Ердоган за изјавите дека е диктатор: Италијанскиот премиер е дрзок и нема почитување

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини италијанскиот премиер, Марио Драги, дека е арогантен и без почит откако Драги го нарече диктатор.

Да потсетиме, Драги минатата недела го обвини Ердоган дека сакал да ја понижи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и рече дека треба да се настапува отворено со диктаторите, предизвикувајќи осуди од Турција. Ердоган ја прими Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Анкара, а снимките од почетокот на состанокот покажаа дека Мишел добил стол покрај Ердоган, додека Фон дер Лајен мораше да седи на каучот од страна.

Ердоган, пак, вчера изјави дека Драги ги нарушил односите меѓу Турција и Италија и дека италијанскиот премиер нема легитимитет да упатува вакви критики.

„Изјавата на италијанскиот премиер е чиста дрскост и непочитување. Додека се надевавме дека турско-италијанските односи можат да достигнат високо ниво, неговата изјава, изјавата на тој човекот по име Драги, за жал ги торпедираше тие односи“, рече Ердоган и продолжи:

„Вие сте таму затоа што некој ве именувал, а не ве избрал. За да можете да дадете такви критики за Таип Ердоган, прво мора да бидете свесни за сопствената историја. Но, видовме дека не сте“, нагласува Ердоган, притоа јасно алудирајќи на италијанскиот фашистички диктатор, Бенито Мусолини.

Драги, поранешен претседател на Европската централна банка, не дојде на власт преку избори, но беше назначен од италијанскиот претседател на чело на владата, по падот на претходната коалиција поради внатрешни превирања.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешка се понуди да ги купи вакцините на „Астразенека“ од кои се откажа Данска

Објавено пред

Чешка се понуди да ги откупи од Данска останатите дози од вакцината „Астразенека“, откако тие одлучија целосно да ја прекинат употребата на оваа вакцина.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината ‘Астразенека’ од Данска“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек.

Неколку земји досега ја ограничија старосната граница за употребата на оваа вакцина, но Данска е првата која се одлучи на целосен прекин, и покрај тоа што ваквиот потег може да предизвика одложување во кампањата за вакцинација.

 

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.

„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лаен.

Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе почне во текот на месецот. Со забрзувањето на испораката „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки пропорционално на населението.

Фон дер Лаен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информациската РНК, нова технологија, која ја докажа својата вредност.

„Сега влегуваме во преговори со ‘Бионтек/Фајзер’ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година“, рече претседателката на Комисијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени откако избувнал пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 час

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk”, или преку матичните...

Македонија13 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион13 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија16 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија17 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија18 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија19 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија20 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија21 час

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија22 часа

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион22 часа

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа23 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ23 часа

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија1 ден

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа1 ден

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија1 ден

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија2 дена

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија2 дена

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија2 дена

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Досие