Свет
Драматичен почеток на мандатот на Педро Санчез: Најмасовен протест против Законот за амнестија во Шпанија, во Мадрид се собраа околу 170.000 лица

Околу 170.000 лица денеска маршираа низ улиците на Мадрид на досега најмасовниот протест против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, за кој се договорија шпанските социјалисти и сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање на новата влада.
До демонстрации дојде само два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои нов четиригодишен мандат со поддршка на Каталонците и Баскијците.
Британските медиуми јавуваат дека на маршот, организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата.
Амнестијата ќе опфати околу 400 лица кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, што кулминираше со референдумот за независност во 2017 година.
Своевремено, шпанските судови овој референдум го прогласија за незаконски, а неговите лидери ги затворија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: На Нетанјаху ќе му се суди како на Милошевиќ

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе му се суди како воен злосторник поради тековната израелска офанзива во Појасот Газа, обвинувајќи ги западните земји кои го поддржуваат Израел за соучесништво во злосторствата.
Турција, која поддржува решение со две држави за деценискиот конфликт, остро го критикуваше Израел за неговата кампања во Газа, започната како одговор на нападот на милитантната група Хамас на 7 октомври. Во израелските воздушни и копнени напади загинаа повеќе од 15.500 луѓе, соопшти Министерството за здравство на Газа.
Говорејќи на состанокот на одборот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во Истанбул, Ердоган рече дека западните земји кои го поддржуваат Израел даваат „безусловна поддршка за убивање бебиња“ и се соучесници во неговите злосторства.
„Покрај тоа што е воен злосторник, на Нетанјаху, кој е месарот на Газа во моментов, ќе му се судикако што му беше судено на Милошевиќ“, рече Ердоган, мислејќи на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ на кој му беше судено за геноцид пред судот во Хаг.
„Оние кои се обидуваат да ја игнорираат смртта на сите оние невини луѓе кои го користат Хамас како изговор, немаат повеќе што да му кажат на човештвото“, додаде тој.
За разлика од повеќето нејзини западни сојузници и некои земји од Персискиот залив, членката на НАТО Турција не го смета Хамас за терористичка група.
Регион
Радев стави вето на обезбедувањето оклопни возила за Украина

Бугарскиот претседател, Румен Радев го врати на нова расправа во парламентот Законот за ратификација на Договорот со кој Бугарија бесплатно и дава оклопна транспортна опрема на Украина, соопшти прес-центарот на шефот на државата.
Во причините за ветото беше забележано дека народните избраници не биле доволно запознаени со конкретните параметри на донацијата, што им оневозможува објективно да проценат дали обезбедената опрема повеќе не е потребна, пренесе бнр.бг.
Радев нагласува дека не се земени предвид ниту воените задачи доделени на Министерството за внатрешни работи, ниту потребите на главните дирекции „Гранична полиција“ и „Противпожарна безбедност и безбедност на населението“.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.
Епицентарот на земјотресот е во заливот Гемлик во Мраморното Море.
Земјотресот беше почувствуван во многу градови – во Бурса, Мудања, Истанбул и регионот Мармара.
ЕМСЦ пишува дека земјотресот бил почувствуван на 200 километри од околу 20 милиони луѓе.