Контакт

Европа

Драстичен пад на популарноста на Макрон

Објавено пред

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се намали 12 процентни поени во текот на летото, покажува анкета објавена денеска, за што француските медиуми пишуваат дека е драстичен пад.

Седум од десет Французи (71 отсто) сега имаат негативно мислење за шефот на државата, кој го собори сопствениот рекорд на непопуларност, a само 29 отсто од испитаниците го сметаат за добар претседател.

Според анкетата направена за медиумите „Лекспрес“, „Франс интер“ и „Прес регионал“, Емануел Макрон паѓа во секој сектор од испитувањата на јавното мислење по почетокот на новата работна година обележана со заминувањето на двајца најпопуларни министри (Николас Хуло и Лаура Флесел).

Францускиот премиер Едуард Филип загуби пет процентни поени (35 проценти) во споредба со претходната анкета направена кон крајот на јуни, а 64 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за него.

Истражувањето беше спроведено на интернет од страна на агенцијата „Одокса“ на 5 и 6 септември меѓу 1.004 лица на возраст над 18 години.

Европа

ЕК побара од Велика Британија 2,7 милијарди евра за ненаплатени царини

Објавено пред

Од

Европската комисија ѝ испрати на Велика Британија образложено мислење, кое претставува втор чекор во постпката за кршење на правата на Европската Унија бидејќи во буџетот на ЕУ, Британија не уплатила 2,7 милијарди евра за царини за увоз на кинески производи.

Комисијата повела и постапка против Велика Британија поради повреда на правата на ЕУ во март оваа година.

Постапката беше поведена кога Канцеларијата за спречување измами на ЕУ покажала дека увозниците во Велика Британија избегнале да платат големи суми за царински давачки со користење фиктивни фактури и несоодветна царински декларации.

Комисијата исто така покажа и голема измама во британските пристаништа поврзана со намалување на вредноста на стоки во периодот помеѓу 2011 и 2017 година. Увозните давачки спаѓаат во сопствените приходи на европскиот буџет.

Велика Британија сега има два месеца во кој треба да го плати износот утврден во европскиот буџет, во спротивно следува третиот чекор на повреда на правото на ЕУ – упатување на случајот до Судот на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Фондацијата на Џорџ Сорос ја тужеше Унгарија

Објавено пред

Од

Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос соопшти дека е поднесена тужба пред Европскиот суд за човекови права и унгарскиот Уставен суд за неодамна воведениот закон насочен против невладините организации што работат со бегалци и со баратели на азил.

Џејмс Голдстон од Фондацијата „Отворено општество“ рекол дека правната постапка е поведена за да се спротивстави на законите чија цел е, како што вели, застрашување и замолчување на независните гласови во Унарија.

Законот беше усвоен во јуни и предвидува казна затвор од една година за луѓето што им помагаат на барателите на азил, а во јули со законот е воведена такса од 25 отсто на финансиската и друга помош од странство за групи или организации што ја промовираат миграцијата.

Фондацијата „Оворено општество“ поддржува некои од невладините организации што се цел на антимиграциската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски нафтени компании се подготвуваат да се ослободат од американскиот долар во корист на еврото и другите валути

Објавено пред

Од

Нафтената компанија Surgutneftegas се приклучи на листата со руски енергетски компании што се подготвени да се ослободат од американскиот долар во корист на еврото и другите валути.

Според пораката што ја испрати Surgutneftegas до еден од своите клиенти, се посочува дека нафтената компанија сака да избегне какви било проблеми со плаќање во долари.

„Ние не ја коментираме нашата комерцијална активност“, рече компанијата, четвртата во однос на производството. Овој потег е во согласност со неодамнешните препораки на Кремљ.

Во август рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, рече дека Русија би можела да го одврати американскиот долар во трговијата со нафта. Рускиот министер за енергија, пак, Александар Новак, рече дека владата ја разгледува можноста за тргување со нафта во националните валути, особено со Турција и Иран.

Surgutneftegas не е единствената руска енергетска компанија што вели дека работи на тоа да се намали зависноста од доларот. Според информации на тамошните медиуми, руски Gaspromnjeft веќе има договори што имаат трговска клаузула без американски долар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Македонија16 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија16 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија16 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија17 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Македонија18 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија19 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет20 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија20 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ21 час

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести21 час

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа21 час

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет22 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија2 дена

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија2 дена

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија2 дена

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија2 дена

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија2 дена

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Досие