Свет
Дутерте ја одбива „идиотската“ помош од ЕУ
– Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја одби помошта од претставниците на Европската унија, коишто го повикаа неговата брутална војна со трговците со дроги во земјата да ја решава со помош на програма за рехабилитација
Како што пренесува агенцијата Reuters, ЕУ усвоил резолуција, во којашто го повика филипинскиот претседател кон повоздржани методи во борбата против трговијата со дроги во земјата, особени, предложувајќи му воспоставување програма за рехабилитација на зависниците.
„ЕУ ни се обратија нам, тие сакаат решение на проблемот со дрогите во рамките на здравството. Тие се кучкини синови“, го цитира агенцијата филипинскиот претседател Дутерте, додавајќи дека на неговата земја не ѝ се потреби ЕУ и „идиотските“ програми за рехабилитација.
Филипинскиот претседател, избран во мај минатата 2016 година, презема широка и бескрупулозна борба против трговијата со наркотици. Според последните податоци на ОН, од периодот кога Дутерте ја презема власта во Филипини се убиени повеќе од 6.000 луѓе поврзани со трговијата со дроги. Меѓународната заедница постојано ги осудува методите кои ги применува филипинскиот претседател.
На критиките кои доаѓаат од меѓународните организации за човекови права, ОН, САД и ЕУ, Дутерте редовно одговара со остри и навредливи изјави, сметајќи дека тоа се мешања во внатрешните работи на неговата земја./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
