Контакт

Свет

Еврокомесарот за буџет тврди дека Италија се обидува да ја уништи Европа

Објавено пред

Европскиот комесар задолжен за буџетот, Гинтер Отингер, повторно ја нападна популистичката италијанска влада, обвинувајќи ја дека сака да ја уништи Европа. Отингер се жалеше на актуелната состојба на Европската Унија, тврдејќи дека популистичката евроскептичка коалиција на Лига и Движењето пет ѕвезди (М5С) активно се обидува да му наштети на политичкиот блок, пренесува „Ил џорнале“.

„Ако ме прашате мене, проектот (Европската Унија) се приближува до смртоносната опасност. Некои внатре во Европа сакаат да ја ослабат или дури да ја уништат”, рече Отингер, наведувајќи неколку земји, меѓу кои Италија, Полска и Унгарија, кои се во судир со Комисијата во Брисел поради прераспределбата на мигранти и други домашни прашања .

Нападот на Лига, на чие чело е италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, и М5, на чие чело е министерот за економски развој, труд и социјална политика Луиџи ди Мајо, не е прв од Отингер, кој минатата недела им се закануваше на Италијанците со санкции од ЕУ.

ЕУ го нападна популистичкиот лидер на Италија откако тој предложи исплатите кон Брисел да престанат поради неуспехот ЕУ да ја олесни мигрантската криза. Заканата уследи како одговор на изјавата на Ди Мајо, која доби поддршка од Салвини, за да ги прекине италијанските средства за ЕУ и да го искористи ветото на Италија за европскиот буџет.

Конфликтот меѓу ЕУ и Италија во голема мера се врти околу нерешеното мигрантско прашање зашто Италијанците би сакале и другите членки на политичкиот блок да преземат дел од  новодојдените мигранти. Италијанците го направија барањето услов за да им дозволат на мигрантите повторно да влезат во Италија по наредбите на Салвини за затворање на италијанските пристаништа на бродовите на невладините организации кои се пренесуваат мигранти. Салвини ги нападна другите европски лидери, како францускиот претседател, Емануел Макрон, кого го нарече лицемер поради барањето Италија да дозволи влез на мигранти во земјата додека Франција ги зајакна граничните контроли.

 

 

Свет

Столтенберг: Европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во екот на расправата за формирање европска војска предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради зајакнувањето на напорите на Европската Унија на полето на одбраната, добра работа е ако европските сојузници имаат поголеми капацитети, ако подобро соработуваат“, рекол Столтенберг на форумот НАТО-индустрија во Берлин.

„Она од што не сме задоволни е дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“, предупреди челникот на алијансата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја покрена таа расправа предложувајќи Европа да изгради своја војска. Тоа го разлути американскиот претседател, Доналд Трамп, кој го оцени предлогот на Макрон како навредлив. Макрон се обиде да го смири Трамп нагласувајќи дека предлогот не е насочен против САД.

„Ни треба еден силен и стручен команден состав, не можеме да ги делиме ресурсите на пола“, истакна Столтенберг.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Дождот го спречи претседателот да го посети меморијалниот центар во Париз

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се најде на удар на критики зашто не го посетил меморијалниот центар на американските војници во Франција.
Белата куќа ја брани одлуката на американскиот претседател да не го посети меморијалниот цен, бидејќи врнело дожд. Како што се наведува во соопштението, лошото време и слабата видливост го спречија хеликоптерот на претседателот.

Сепак, францускиот, германскиот и канадскиот лидер присуствуваа на меморијалните настани организирани во саботата. Како што го правдаат, Трамп не сакал да предизвика дополнително блокирање на сообраќајот за последната поворка.

„Претседателот Трамп не сакаше да предизвика таков прекин на сообраќајот во градот и на народот“, соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сендерс, потенцирајќи дека рутата била 96 километри североисточно од Париз.

Трамп речиси целиот ден го поминал во амбасадорската резиденција и посетил друг меморијален центар во Париз во неделата.

Критиките велат како можел канадскиот премиер, Џастин Трудо, да патува речиси 200 километри надвор од Париз за да присуствува на церемонија, и тоа на дожд.

Значајната критика дојде од британскиот министер за одбрана, Тобијас Елвуд, кој на Твитер напиша: „ Дождот не ги спречи нашите храбри херои да ја завршат својата работа”.

Прикажи повеќе...

Регион

Јоханис: Романија не е подготвена да претседава со ЕУ

Објавено пред

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека Романија не е подготвена да го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ, на 1 јануари идната година, поради што ја повика Владата да поднесе оставка.

Јоханис рекол дека ситуацијата излегла од контрола и дека постои политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече несреќен случај на романската демократија, пренесе АП.

Вјорика Данчила стана премиерка во јануари, но таа има малку извршни овластувања, додека Владата всушност ја води лидерот на владеачката Социјалдемократска партија, Ливи Драгне. Тој неможе и официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија9 часа

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија11 час

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија11 час

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија12 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ14 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија15 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија16 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет17 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија17 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа18 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион21 час

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија22 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија2 дена

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија2 дена

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија2 дена

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија2 дена

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа2 дена

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Досие