Контакт

Свет

Европа бара детална истрага за изчезнувањето на Кашоги

Објавено пред

Европската комисија бара транспарентна и детална истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

„Упативме јасна порака, не само во јавноста туку и директно до Саудискиот конзулат“, соопшти портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Комесарката за надворешна политика Федерика Могерини во вторникот изјави дека ЕУ очекува темелна истрага од страна на властите од Саудиска Арабија.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги е пријавен како исчезнат од 2 октомври, односно по посетата на Саудискиот конзулат во Истанбул.

Властите на Саудиска Арабија се уште не дале објаснување што се случило со Кашоги, а неколку земји веќе упорно бараат одговори, особено Турција, САД и Британија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Мексико над 10.000 смртни случаи од Ковид-19

Објавено пред

Во Мексико, бројот на починати како последица на пандемијата на коронавирусот надмина 10.000, соопшти Министерството за здравство.

„Во текот на последните 24 часа, регистрирани се 237 смртни случаи, со што бројот на починати се зголеми на 10.167“, објавија тамошните здравствени власти.

Вкупниот број на заразени е 93.435, а најмногу инфицирани има во Мексико Сити.

На крајот на март, мексиканските власти прогласија вонредна состојба и ги прекинаа сите активности што не се од витално значење.

Постепено олеснување на мерките започна на 1 јуни.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Објавено пред

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник директор на Институтот за јавно здравје.

Тој појаснил дека Црна Гора помина два периоди на инкубација од 28 дена без нови случаи на коронавирус.

„Стекнати се епидемиолошките услови за ИЈЗ да размислува за прогласување крај на епидемијата. Тоа е законски дефинирана постапка која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине периодот на двојна инкубација. Периодот не е дефиниран со закон. Тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за да се одјави епидемијата“, рекол Бегиќ во утринската програма на РТЦГ.

Тој додал дека правно-формално ова на терен не менува многу затоа што ризикот од вирусот сè уште останува.

„Одјавата на епидемијата не значи речиси ништо. Првиот бран е формално завршен, но мерките и наредбите на Министерството и препораките на ИЈЗ сè уште остануваат на сила. Тоа се физичко растојание, миење на рацете и употреба на маски. Во сите земји на ЕУ, носењето маски е задолжително како и кај нас нас, затоа, на затворени места, на јавни места каде не може да се одржи физичко растојание од два метра задолжително е носење маска. Дали ќе остане така, зависи од понатамошниот тек на болеста“, рекол Бегиќ.

Од земјите од регионот, Словенија е првата земја која прогласи крај на епидемијата. Во Хрватска, пак, во последните 10 дена се регистрирани само три нови случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

На 50 војници ќе се тестира руска вакцина против коронавирусот

Објавено пред

Министерството за одбрана на Русија избра 50 доброволци од редовите на војската за тестирање на вакцината против коронавирусот, јави новинската агенција ТАСС.

Министерството соопшти дека 50 војници, меѓу кои и пет жени, биле избрани бидејќи изразиле желба да учествуваат во тестирање за безбедноста и ефикасноста на вакцината против коронавирус.

Во Русија, во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 182 луѓе, така што вкупната бројка на смртни случаи сега изнесува 5.037 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 минути

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник директор на Институтот...

Свет57 минути

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет2 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт2 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа2 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет14 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет14 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија15 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија19 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија20 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија20 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија21 час

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија22 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион23 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија24 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 ден

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија1 ден

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија1 ден

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Досие