Европа
Европската агенција за лекови го препорача ,,ремдесивир” за лекување на коронавирусот
Европскиот регулатор го усвои условно одобрувањето на употребата на антивирусниот лек ремдесивир од Gilead Sciences Inc. за пациенти со Ковид-19. Ова е првиот лек што добил препорака во Европа.
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорачува употребата на ремдесивир кај возрасни и деца на возраст од 12 години дијагностицирани со пневмонија за кои е потребен внес на кислород.
Цената на лекот во Европа сè уште не е позната. Во Соединетите држави, третманот со ремдесивир би можел да чини и до 5080 долари , а генеричкиот лек од индиски производител може да се продава за меѓу 5.000 и 6.000 рупии, што е од 66,13 до 79,35 долари.
Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат ремдесивир, што ќе се вика ,,Веклари” во Европа кога ќе биде одобрен од Европската комисија, и обично ги следи препораките на ЦХМП.
Условното одобрение за маркетинг во Европската унија дозволува терапијата да се продава во годината во која ќе бидат достапни сите податоци за дејството на лекот и неговите несакани ефекти.
Гилеад мора да ги достави конечните податоци до декември.
Побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања.
Студијата спроведена од ЕМА покажа дека пациентите со ковид-19 се опоравуваат во просек четири дена побрзо од другите пациенти.
Првично развиен како лек против хеморагична треска од ебола, ремдесивир од лабораторијата на американскиот производител Гилеад е првата терапија што покажа одредена ефикасност кај хоспитализирани пациенти со ковид-19 во големото клиничко испитување, иако целокупниот ефект се смета за скромен, пишува Франс Прес.
Гилеад очекува да произведе повеќе од два милиони дози до крајот на годината, што е двојно повеќе од првичната цел. Исто така, планира да започне поедноставни форми за третман, како инхалатор во споредба со интравенско пакување.
Ремдесивир веќе е одобрен за итна употреба кај некои тешко болни пациенти во САД, Индија и Јужна Кореја, а конечно одобрение дадоа и јапонските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.