Контакт

Европа

Европската комисија препорача постепено укинување на ограничувањето на патувањата

Објавено пред

Европската комисија денес препорача постепено и координирано укинување на ограничувањата за патување помеѓу земјите членки или регионите во нив, кои имаат слична епидемиолошка ситуација, со цел да се спаси што е можно повеќе годинашната туристичка сезона.

dobivaj vesti na viber

Комисијата објави упатства и препораки, кои не се обврзувачки за земјите членки, но кои може да помогнат да се координира укинувањето на патните ограничувања и постепеното активирање на туризмот по неколкумесечен целосен застој поради пандемијата на коронавирусот.

Пакетот за туризам и транспорт, објавен од Комисијатаа, вклучува: стратегија за обновување на туризмот оваа година и пошироко, заеднички пристап за воспоставување слобода на движење и укинување на ограничувањата на внатрешните граници на ЕУ на постепен и координиран начин; рамка за постепено воспоставување на патничкиот сообраќај со цел да се гарантира безбедноста на патниците и вработените; препораки да се направат ваучерите поатрактивна алтернатива за враќање на парите за откажани патувања и критериуми за безбедно извршување на туристичката дејност и развој на здравствени протоколи за сместувачки капацитети.

Комисијата потенцира дека пристапот на постепено отворање мора да биде доволно флексибилен за да може повторно да се воведат ограничувања доколку тоа го бара епидемиолошката состојба.

Комисијата предлага земјите членки да се водат според три критериуми при укинување на ограничувањата. Првата е епидемиолошка, втората се однесува на можноста за спроведување рестриктивни мерки во текот на патувањето, вклучувајќи го и преминувањето на границите и дополнителни мерки каде што физичкото растојание е тешко да се обезбеди. Третиот критериум ги зема предвид економските и социјалните аспекти, при што се препорачува да се даде приоритет на прекуграничните движења во клучните економски области вклучувајќи ги и личните причини.

Особено е важен принципот на недискриминација според државјанството. Комисијата посочува дека кога една земја членка ќе одлучи да дозволи влез на нејзината територија, тоа мора да се направи на недискриминаторски начин, односно на сите лица, без оглед на националноста, кои живеат во земји или региони со слична епидемиолошка ситуација мора да им се дозволи да влезат.

Европа

(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа

Објавено пред

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.

dobivaj vesti na viber

Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.

Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани

Објавено пред

Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.

dobivaj vesti na viber

Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.

Прикажи повеќе...

Европа

Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици

Објавено пред

Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.

dobivaj vesti na viber

„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.

Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.

Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.

Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“...

Македонија3 часа

Меџити за можни преговори со Тачи: Во наредниот период ќе има повеќе информации, јас лично немам такви преговори

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи...

Македонија4 часа

Нема потреба од закони за амнестија за намалување на пренатрупаноста во затворите, Коцевска охрабрува да се даваат условни казни со надзор

Месно нови закони за амнестија за намаување на пренатрупаноста во затворите, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд Скопје охрабрува...

Македонија4 часа

Одложено судењето за Вања и Панче: еден од притворените е на Нефрологија поради влошена здравствена состојба

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр....

Македонија7 часа

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари,...

Регион7 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според...

Топ8 часа

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник...

Македонија8 часа

„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на...

Свет9 часа

Објавена фотографија од човекот поради кој Израел синоќа и утрово го бомбардира Бејрут

Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна вечерта и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин...

Македонија9 часа

„Анима мунди“: Со огнено оружје во Визбегово осакатени миленици, се убиваат животни од локален психопат

„Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат, кој стрела по живи цели,...

Свет9 часа

Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах

Околу полноќ Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут, каде што се одржуваше состанок, на кој...

Свет9 часа

Бајден: Не верувам дека ќе има сеопфатна војна на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува оти може да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, наведувајќи дека треба...

Свет9 часа

Ким Џонг-ун се закани со нуклеарен одговор доколку се наруши суверенитетот на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја нема да се двоуми да ги употреби сите расположливи офанзивни сили,...

Свет21 час

Макрон: ЕУ може да умре ако не стане поконкуретнтна со САД и Кина

ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу,...

Македонија22 часа

(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите...

Скопје1 ден

Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина...

Македонија1 ден

Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле...

Македонија1 ден

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија1 ден

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...