Европа
Европската агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат користењето на руската вакцина „спутник В“ за итна употреба, сè додека агенцијата не ги испита целосно нивната безбедност и ефикасност, објави „Гардијан“.
„Потребна ни е документација врз основа на која би направиле процена. Во моментов немаме податоци за вакцинирани лица, тоа е непознато. Затоа би апелирала до земјите од ЕУ да не ја одобруваат вакцината ‘спутник В’ за итна употреба“, рече Виртумер-Хох за австриската телевизија ОРФ.
Таа не исклучи дека постои можност „спутник“ да се појави во понудата за вакцинација во земјите на ЕУ.
„Пред тоа, потребно е да се направи експертиза, што ја започна ЕМА. Податоците што доаѓаат од рускиот производител ќе бидат прегледани според европските стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност. Ако сè оди добро, вакцината ќе биде одобрена“, додаде Виртумер-Хохе.
„Спутник В“ веќе е одобрен или е близу до одобрување во три земји на ЕУ – Унгарија, Словачка и Чешка – а официјални претставници на Европската Унија изјавија дека Брисел би можел да почне преговори со производителот на вакцини доколку тоа го побараат најмалку четири земји.
ЕМА ќе ја разгледа и употребата на американската вакцина на „Џонсон и Џонсон“, а посебен состанок во врска со одобрувањето на оваа вакцина ќе се одржи на 11 март.
„Очекуваме позитивна процена и дека Европската комисија многу брзо ќе ја одобри употребата на вакцината“, додаде висок претставник на Европската агенција за лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија протера пет полски дипломати како одговор на потегот на Варшава

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај, пренесуваат руските агенции.
Во соопштението се вели дека станува збор за реципрочен одговор на потегот на Варшава, којa на 15 април прогласи тројца претставници на руската амбасада за непожелни, повикувајќи се на наводнo кршење на правилата за дипломатски статус и активности на штета на Полска.
Полскиот амбасадор, кој денес беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, беше информиран за одлуката на Москва.
Европа
(Видео) Папата Франциско: Светот е на патот на самоуништување

Папата Франциско предупреди дека светот е на патот на самоуништување доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на Ковид-19 како шанса да ја направат планетата поправедна и позелена.
Во видеопорака објавена на Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциско рече дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените лекции за социјалните неправди откриени за време на пандемијата, пренесува АП.
„И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нè притиска и, како што покажа Ковид-19, имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за дејствување, ние сме на граница“, рече папата.
Тој додаде дека неволите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат водачите да се стремат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.
Тој апелираше до сите водачи на светот: да постапуваат смело, да дејствуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување што е иницирано многу пати.
Европа
Јоханис: Вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата

Излезот од пандемијата на Ковид-19 е масовна вакцинација, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис, додавајќи дека ограничувачките мерки постепено ќе се укинуваат кога бројот на заболени од коронавирус ќе почне да опаѓа и кога ќе се намали бројот на хоспитализирани и починати пациенти.
„Без вакцинација не можеме да излеземе од пандемијата, тоа е многу јасно. И патот надвор од пандемијата води преку масовна вакцинација. Јас сум вклучен во кампањата за вакцинација, ќе продолжам да работам и да ги посетувам центрите за вакцинација, да разговарам со луѓето, ќе давам јавни изјави како денес: ‘Драги Романци, вакцинирајте се’“, рече Јоханис, објави „Аџерпрес“.
Шефот на романската држава смета дека вакцинацијата се одвива со добро темпо, но ограничувачките мерки не можат да бидат укинати преку ноќ.
„Засега можам да кажам дека вакцинацијата се одвива многу добро. Ние вакцинираме 100.000 луѓе на ден. Како што се намалува пандемијата, ако видиме дека паѓаат бројките, мерките постепено ќе се олеснат. За жал, многу луѓе сè уште умираат од коронавирусот“, рече Јоханис.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?