Контакт

Европа

Европската Унија постигна договор за набавка на вакцини со „Санофи“ и ГСК

Објавено пред

Европската Унија се согласи да купи потенцијална вакцина против Ковид-19 од компаниите „Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“. Тоа е постигнато во друг таков договор, кој има цел да обезбеди резерви бидејќи се приближува крајниот рок за пристапување кон програмата „Ковакс“ за еднаков пристап до вакцините.

Според постигнатиот договор, ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британскиот и францускиот фармацевтски гигант, се вели во твитот на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравство.

„Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“ се надеваат дека вакцината, на која работат заедно, ќе добие лиценца за употреба в година, пренесува „Ројтерс“.

Денешното соопштение ја потврди најавата на овие две компании од 31 јули. Ова е втор договор на ЕУ за набавка на вакцини откако претходно беше потврдено дека компанијата „Астра зенека“ ќе ѝ обезбеди на Унијата до 400 милиони дози.

Европската комисија ќе финансира дел од трошоците на производителите на вакцини, чии дози ќе ги купуваат земјите на ЕУ.

Последниот договор на ЕУ ​​за набавка на вакцината е постигнат на денот на истекот на рокот за пристапување кон планот „Ковакс“, чија цел е да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против коронавирусот.

Ниту една вакцина против коронавирусот сè уште не е меѓународно одобрена.

Европа

(Видео) Белорусија: Полицијата во Минск апси студенти

Објавено пред

Полицијата во Минск уапси студенти кои одговорија на повикот на опозицијата да учествуваат во национален штрајк.

Полицијата почнала присилно да ги апси студентите кои биле во поворка од околу 100 луѓе во центарот на Минск и да ги става во полициски возила.

Во исто време, пред зградите на факултетот во Минск, групи студенти се собрале да го изразат своето незадоволство од државната политика на мирен протест.

Вчера истече ултиматумот што опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја му го даде на сегашниот претседател Лукашенко.

Клучните барања во ултиматумот се оставка на Лукашенко, прекин на насилството и ослободување на политичките затвореници, објави ТАСС.

Опозицијата ги повика граѓаните да започнат генерален штрајк од денес, но претставникот на белоруската влада изјави дека белоруската индустрија работи како и обично и дека производството не е запрено.

Прикажи повеќе...

Европа

Ќе се зголемува платата во јавниот сектор во Германија

Објавено пред

Германската влада постигна договор со синдикатите во јавниот сектор за платите, што вклучува речиси 2,3 милиона работници во локалната и федералната администрација. Договорено е најниските плати да се зголемат 4,5 проценти, а највисоките 3,2, изјави синдикатот „Верди“.

Договорот, кој предвидува еднократен бонус до 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари лица, истекува на крајот на 2022 година. Според претставниците на синдикатот, вработените во здравствениот сектор особено заслужуваат зголемување поради нивната клучна улога во борбата против пандемијата.

Европската централна банка (ЕЦБ) внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија за тие потенцијално да не ја загрозат планираната инфлација.

Прикажи повеќе...

Европа

Почина потпретседателот на германскиот парламент, Томас Оперман

Објавено пред

Потпретседателот на германскиот парламент, Томас Оперман, почина ненадејно, објавија германските медиуми.

На политичарот од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) му се слошило синоќа за време на снимањето за ЗДФ и веднаш бил пренесен во болница.

Министерот за труд Хуберт Хајл преку „Твитер“ изрази сочувство за смртта на својот сопартиец.

На крајот на август Оперман објави дека нема да учествува на претстојните парламентарни избори.

„По три децении како пратеник во покраинското собрание на Долна Саксонија и во Бундестагот, сега е најдобро време да се направи нешто друго и да се свртиме кон нови проекти“, рече тој тогаш.

Од 2013 до 2017 година Оперман бил шеф на парламентарниот клуб на СПД во Бундестагот.

Во неговата изборна единица, Гетинген, тој бил директно избран четири пати по ред.

Како потпретседател на Бундестагот, тој се залагал за намалување на парламентот и за реформа на изборниот закон.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала „високо ефективен антивирусен лек“ што го десеткува коронавирусот без никакви...

Топ1 час

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија1 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион2 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така од вечерва стапува на сила забрана за движење...

Европа3 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа4 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ4 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет4 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија16 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет16 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија17 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија19 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион20 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион22 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа23 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион1 ден

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ1 ден

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија1 ден

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Досие