Свет
Европскиот производител на телекомуникациска опрема „Нокиа“ се повлекува од Русија

Русија губи сѐ повеќе брендови и производители, а нов во низата е производителот на телекомуникациска опрема „Нокиа“, кој се повлекува од рускиот пазар.
Оваа информација ја потврди и извршниот директор на компанијата, што е чекор подалеку од конкурентот „Ериксон“, кој вчера објави дека ќе ја прекине работата во таа земја на неодредено време.
Според „Ројтерс“, стотици странски компании ги прекинуваат врските со Русија по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари и по воведувањето санкции кон Москва од страна на западните земји.
„Едноставно, не гледаме можности да продолжиме да работиме во земјата во сегашните околности“, додаде извршниот директор на „Нокиа“, Пека Лундмарк, во интервјуто.
„Нокиа“ соопшти дека одлуката да ја напушти Русија е единствената опција.
Тој исто така нагласи дека „Нокиа“ ќе продолжи да обезбедува корисничка поддршка по напуштањето на пазарот, а во оваа фаза не можеше да се каже колку долго ќе трае оваа ситуација.
„Нокиа“ има речиси 90.000 вработени во светот.
И „Нокиа“ и „Ериксон“ постигнаа едноцифрен процент на продажба во Русија, каде што кинеските компании, како „Хуавеј“ и ЗТЕ, имаат поголем удел во продажбата.
Русија исто така не е во добри односи со Финска и Шведска, матичните земји на „Нокиа“ и „Ериксон“, поради нивниот изразен интерес за приклучување кон воената алијанса на НАТО.
Одлуката на „Нокиа“ да ја напушти Русија ќе влијае на речиси 2.000 работници, а на некои од нив би можело да им се понуди работа во други делови на светот, рече Лундмарк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Целосно го ослободивме Лиман од украинските националисти

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека Лиман, град во областа Доњецк, е под целосна контрола на руските сили и проруските сепаратисти.
Тоа е важен железнички јазол западно од Северодоњецк. За Лиман утринава зборуваше и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека бил окупиран од руски сили.
„По заедничка операција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Украина вчера призна дека Русија го зазела поголемиот дел од Лиман, но тврди дека украинските сили сè уште го блокираат пристапот до Славјанск, град на околу половина час возење југозападно.
Лиман е стратешки важен град бидејќи овозможува пристап до железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец.
Свет
Украинска армија: Убивме повеќе од 30.000 Руси

Украинската армија објави дека убила повеќе од 30.000 руски војници од почетокот на руската инвазија, пишува „Киев Индепендент“.
Тие тврдат дека уништиле 1.330 тенкови, 207 авиони, 174 хеликоптери и повеќе од 500 беспилотни летала.
Овие бројки не се независно потврдени.
These are the indicative estimates of Russia’s combat losses as of May 28, according to the Armed Forces of Ukraine. pic.twitter.com/amu2h8CKK8
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 28, 2022
Свет
Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
„Донбас ќе биде украински“, рече Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.
Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили во најмалку 100 дена војна се обидуваат да ги постигнат целите што се надевале дека ќе ги постигнат во првите денови од конфликтот.