Контакт

Свет

Европскиот совет изрази загриженост за безбедносните предизвици во Црното Море

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на 28 земји членки на ЕУ изразија загриженост за безбедносната ситуација во регионот на Црното Море и ја потврдија политиката за непризнавање на Крим, објави Европскиот совет во изјавата усвоена на состанокот во Луксембург, пренесува ТАСС.

„Советот останува загрижен за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море. Во овој контекст, повторуваме дека почитувањето на меѓународното право, вклучувајќи ги и принципите на независност, суверенитет и територијален интегритет, Конвенцијата на ОН за поморско право, слободата на навигацијата, како и политичките одлуки на ЕУ и политиката за непризнавање на илегалната анексија на Крим, се основни за пристапот на ЕУ кон регионалната соработка во регионот на Црното Море“, се вели во соопштението.

Советот ја истакна зголемената стратешка важност на регионот на Црното Море за ЕУ повикувајќи на засилено вклучување на ЕУ во регионалната соработка. Тука особено ја истакнува важноста на искористување на новите можности за економски развој и поврзаност во регионот и пошироко.

Во документот се вели дека Советот признава оти подобрената регионална соработка на Црното Море ќе придонесе за имплементација на Стратегијата на ЕУ за поврзување на Европа и Азија и нејзините четири приоритети во однос на транспортот, енергијата, дигиталното и меѓучовечкото поврзување.

Советот ја нагласува важноста за изработка на план за комуникација за поддршка на придонесот на ЕУ за регионална соработка во регионот на Црното Море и за зголемување на видливоста на работата на ЕУ и нејзините земји членки.

ЕУ разговараше за областа на Црното Море на разни нивоа по инцидентот на 25 ноември 2018 година кога три украински воени брода ги прекршија правилата за минување низ теснината Керч. И покрај повторените предупредувања и барања да престанат, украинските бродови продолжија со својот пат принудувајќи ја Русија да користи оружје. Тројца украински војници беа лесно повредени. Бродот беше запленет, а 24 украински морнари беа уапсени под обвинение дека ги повредиле границите на Русија.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мохамед Џавад Зариф: САД се секогаш добредојдени за преговори

Објавено пред

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вели рече дека Вашингтон е секогаш добредојден да продолжи со преговорите со Техеран, но прво мора повторно да ги укине санкциите,пренесува Ен-би-си.

„Штом овие санкции се укинат, тогаш собата за преговори е широко отворена. САД ја напуштија преговарачката маса и секогаш се добредојдени да се вратат”, вели Зариф, кој моментно е во Њујорк на конференција на ОН. “”.

Тој истакна дека Трамп продолжува да зборува за наводните нуклеарни аспирации на Техеран, но посочи дека Иран одамна ја напуштил својата програма за нуклеарно оружје .

!Да бевме заинтересирани за развој на нуклеарно оружје, можевме да го направиме тоа многу одамна”, рече тој.

Коментирајќи во врска со неодамнешната ескалација на тензиите меѓу двете земји, за кои многумина стравуваат дека би можеле да доведат до сеопфатна војна, Зариф ја минимизираше можноста од вооружен конфликт.

„Не верувам дека Трамп сака војна, но верувам дека околу него има луѓе на кои војната нема да им пречи. Јас не мислам дека тие ќе успеат, бидејќи на крајот на краиштата, мислам дека ќе преовлада внимателноста. Луѓето знаат дека Иран е голема, горда земја и нема лесно да примиме воен удар”, рече Зариф.

Коментирајќи што очекува од можните идни преговори, Зариф рече дека треба да се најде ситуација во која сите ќе бидат победници, како и во сите други преговори.

„Во спротивно ќе се најдеме во ситуација во која сите ќе изгубат”, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Иранското судство го потврди апсењето на научничката Аделка

Објавено пред

Иранското судство денеска го потврди апсењето на научничката Фариба Аделка, која има двојно француско и иранско државјанство, еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон го покрена тоа прашање.

Макрон вчера побара објаснување од Иран за апсењето на Аделка минатиот месец, инцидент што ги комплицира француските напори за намалување на тензиите во регионот, објави Ројтерс.

„Оваа личност неодамна беше уапсена … но поради природата на овој случај, ова не е вистинскиот момент да се дадат какви било информации за тоа”, изјави портпаролот Голамхосеин Есмаили за време на директен пренос на сиусдската веб-страница.

Прикажи повеќе...

Регион

Анкара не се откажува по серијата санкции од ЕУ

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ ја усвоија првата серија санкции против Турција поради истражувањето за гас и нафтени ресурси во водите кај Кипар, по што официјална Анкара одговори дека нема да се откаже од своите активности.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ минатата ноќ соопштија дека ќе ги прекинат разговорите со Турција во врска со договорот за авиосообраќај, дека ќе побараат од Европската инвестициска банка да ги разгледа заемите што ги дава за Анкара и дека следната година ќе ја намалат финансиската помош за Турција, објави агенцијата АП.

Министрите за надворешни работи, исто така, предупредија дека се работи на дополнителни мерки за санкционирање на Турција, која преговорите за пристапување во Унијата ги започна уште во 2005 година.

Турското Министерство за надворешни работи денеска објави дека одлуките на ЕУ за ограничување на контактите и финансирањето на Анкара, поради дупчењето во потрага по гас и нафта во близина на крајбрежјето на Кипар, нема да влијаат врз решеноста на Турција да ги продолжи своите енергетски активности во регионот.

Во соопштението се вели дека фактот што ЕУ не ги споменува кипарските Турци во своите одлуки донесени во понеделникот на состанокот на министрите за надворешни работи, ја покажува пристрасноста на ЕУ кога е Кипар во прашање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Кривичниот суд му порача на Јовески место да ги критикува судиите да си погледне во ,,сопствениот двор”

Скопскиот кривичен суд во соопштение до јавноста, реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител. Љубомир Јовески, дека на судиите,...

Свет1 час

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион2 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет2 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија3 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа4 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија11 час

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија13 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија14 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион16 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија18 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија19 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија21 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија22 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија22 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија23 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија1 ден

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Досие