Европа
Европскиот суд на правдата ја осуди Германија за кршење на правилата за загадување на воздухот

Во многу германски градови концентрацијата на штетни азотни оксиди во воздухот е значително поголема со години отколку што дозволува граничната вредност на ЕУ.
Европскиот суд на правдата сега ја одобри тужбата на Европската комисија против Германија, пишува „Дојче веле“.
По Франција, Европскиот суд на правдата ја осуди и Германија бидејќи во многу градови на таа земја граничните вредности на азотен диоксид (NO2) со години се значително надминати. Германија го прекршила законот на ЕУ, оценил судија во Луксембург.
Како што се наведува, граничните вредности од 2010 до 2016 година во 26 града систематски и континуирано биле надминати. Пресудата засега не предвидува казни или санкции.
Пресудата против Германија не исклучува нови обврски, на пример, за дизел-возилата на одредени места. Сепак, квалитетот на воздухот во германските градови неодамна се подобри, меѓу другото, и поради пандемијата.
Според податоците на Министерството за заштита на животната средина, во 2016 година граничните вредности во 90 града биле значително запоставени. Оттогаш тој број се намалува секоја година. Како што се наведува, прекумерно загадување со азотни оксиди во 2019 година имало само во 25 града, а за време на короната во 2020 година во само шест, меѓу кои се и Минхен и Хамбург.
Европската комисија поднесе тужба против Германија во Врховниот суд на Европската Унија во 2018 година за кршење на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по посетата на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН“ – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.
Европа
Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.
Европа
Европската комисија ги тужи Бугарија и Словачка

Европската комисија објави дека одлучила да ги тужи Бугарија и Словачка за нетранспонирање на Директивата на ЕУ за обновлива енергија во националното законодавство.
Во соопштението се наведува дека Комисијата ја тужела и Унгарија поради ограничување на извозот на градежни материјали.
Комисијата ја тужеше Ирска за нетранспонирање на Рамковната директива за води во националното законодавство, пренесе „Танјуг“.